- Клиничкиот психолог и глобално влијателен интелектуалец последниве години реши да ја напушти родната Канада и да се пресели во САД.
- Покрај проблемите со академската фела (види: Зошто веќе не сум професор на Универзитетот на Торонто), на ваков потег се решил поради тоа што тамошните квази либерали упорно го буткаат законот за онлајн заштита за кој предвидува дека ќе ја претвори Канада во тоталитарен пекол.
- Со идеја дека поединците треба да бидат заштитени од штетни влијанија на интернет, законот предвидува огромна контрола и цензура на содржините.
- Меѓу другото, ќе може да се пријави некој дури и ако за него некој само почувствува страв дека ЌЕ стори злостор од омраза.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.