- Компанијата со најголем промет (промет кој не се реализира во земјава) лани направила приход од 2 милијарди евра (цела државна каса годинава тежи 4 милијарди евра). Профитот им е 79,8 милиони евра.
- Секој ден Макпетрол прави промет од 1 милион евра.
- Компанија за продажба на енергија која има само 5 вработени, на македонскиот пазар остварила промет од 195 милиони евра.
- Израел ја затвори Црквата на Светиот Гроб и ги откажа велигденските служби, наведувајќи безбедносни закани поради војната со Иран.
- Иако се под иста закана, синагогите во Израел се отворени.
- Дури ни Иран не ги затворил црквите.
- Местото на Христовото воскресение во Ерусалим никогаш не било затворено толку долго во изминатите 2.000 години, дури ни за време на Крстоносните војни ни за светските војни. Пристапот на верниците, сепак, привремено беше ограничен за време на пандемијата пред шест години.
- Отецот Ибрахим Фалтас, поранешен чувар на Светата земја, побара од израелските власти да ги отворат христијанските светилишта барем за Страсната недела.
- „Со задоволство можам да ви кажам дека сите отворени прашања се веќе затворени. Немаме некое прашање поврзано со законот коешто не е третирано“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, најавувајќи дека новиот закон за пушење/непушење ќе влезе во владина процедура на 24 март.
- Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни, наместо со претходно предложените три. И кровот ќе се третира како „страна“.
- „Дополнително, ќе се воведе обврска угостителските објекти да имаат посебен влез за делот каде што се пуши, со цел јасно да се одделат зоните за пушачи и непушачи“, изјави Алиу кој очекува дека за две години процентот на пушачи да се спушти од 45% на под 20%.