- Лукоил, вториот по големина руски производител на нафта, бара купувачи за своите капацитети во странство, поради санкциите што пред една недела САД ѝ ги објавија на Москва. Ќе мора да продаде три рафинерии и половина од своите близу 5.000 бензински пумпи во странство, со што очекува профитот да се намали за 30%. „Лукоил“ е готов, изјави поранешен директор за Политико.
- На 22 октомври, претседателот Доналд Трамп воведе санкции за најголемите руски нафтени компании, Лукоил и Роснефт, и за нивните 34 филијали, но одобри трансакции со нив најдоцна до 21 ноември.
- Лукоил, со седиште во Москва, учествува со околу 2% во глобалното производство. Нејзиниот најголем странски имот е нафтеното поле Западна Курна 2 во Ирак, едно од најголемите во светот, кое во април произведуваше 480.000 барели дневно.
- Компанијата е сопственик на рафинеријата Лукоил Нефтохим Бургас во Бугарија, најголемата на Балканот, со капацитет од 190.000 барели дневно, како и на рафинеријата за нафта Петротел во Романија.
- Лукоил испорачува нафта во Унгарија и Словачка, како и во турската рафинерија СТАР. Има удели во нафтени терминали и во малопродажни синџири во Европа и учествува во разни други проекти во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.
- Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5 почина на на 65-годишна возраст по кратко боледување.
- Беше технички директор во Антена 5 уште од 1994 година работејќи на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.
- Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател.