- Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во претстојните недели ќе ја напушти администрацијата на Бајден и ќе се пресели во МСНБЦ.
- Псаки се уште нема потпишано договор со телевизијата, но Аксиос пишува дека „преговорите се во завршна фаза“.
- Аксиос, кој ја објавува веста, тврди дека Псаки ќе добие свое шоу на Пикок, стриминг платформата на Ен-би-си, но ќе се појавува и во програми на МСНБЦ.
- За сега не е јасно која ќе биде замената на главната гласноговорничка на Белата куќа. Се очекува дека Псаки ќе остане на позицијата до традиционалната Вечера со новинарите, закажана за 30-ти април.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.