Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Џабир Дерала не ја прифати оставката на Заев

2 ноември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во духот на народната „понуден ко почастен“, главниот уредник на Цивил Медиа, напиша колумна „Фала за оставката, не е прифатена!“
  •  „Македонскиот премиер и реформатор, уште еднаш покажа државничка цврстина и големина,“ вели Џабир Дерала за оставката. Според авторот, човекот со државничка цврстина и големина води процеси што ќе влезат не само во македонската, туку и во европската и светската практика, кои, отвораме цитат „Мора да продолжи да ги води. Едноставно, мора“, затвораме цитат.
  • Портретирајќи го господинот Заев, Дерала заклучува дека тој „поседува убави човечки квалитети“, кои не секогаш се пожелни во политиката и дека со таа „слабост“ (наводниците сe оригинал) не може и не треба да се справи сам.
  • Во текстот се контрастира парадирањето на Груевски кај Стајковци со ангажманот на Заев и неговата лопата за време на поплавите: „Сака сè да понесе на својот грб. Кога се фаќа за лопата, навистина се фаќа за лопата“,  се наведува во житието.

извор

Авион на НАТО пресретна јато птици

14 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради психозата од очекуван „руски напад“, Литванија почна со екстремни мерки да реагира на вообичаени ситуации.
  • Радарски сигнал од јато птици близу главниот град бил протолкуван како навлегување непријателски дронови. Аеродромот бил затворен и била побарана воздушна интервенција на италијански авион од составот на НАТО.
  • Тревогата завршила откако пилотот визуелно потврдил дека во регионот забележал само птици.
  • „При првичните отчитувања на радарот, трагите што ги оставаат птиците и дроновите можат да бидат слични“, објасни Литванскиот национален центар за управување со кризи.
  • При сличен инцидент во мај, поради закана од дронови во литванскиот воздушен простор беше објавена општа тревога за жителите на Вилњус, претседателот и премиерката беа префрлени во бункер и беа прекинати летови и железничкиот сообраќај. Авионите на НАТО тогаш не забележаа дури ни птици.
извор

Светот за неколку дена може да остане без саудиска нафта

14 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
  • Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
  • Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
  • Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
  • Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кога жена ќе ти одбере таблица

Возила
2

Вработена во полиција ВТОРПАТ фатена во фалсификување лични документи

3

Како изрика Најк?

Бизнис
4

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

5

Не е чудно што не се снаоѓаме гео-политички

Македонштина
6

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Забава
7

Јеменецот не се предава лесно

Видео
8

Мозокот на 11 септември уште не бил на судење

Свет
1

Како изрика Најк?

Бизнис
2

Вработена во полиција ВТОРПАТ фатена во фалсификување лични документи

3

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

4

Мозокот на 11 септември уште не бил на судење

Свет
5

Светот за неколку дена може да остане без саудиска нафта

6

Една денска запивка со Леми

Музика
7

Пакт на Шкотска, Велс и Северна Ирска за отцепување од Обединетото Кралство

Свет
8

Амодеи, Алтман и Хасабис бараат дозвола да царуваат со развојот на ВИ

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Туѓата секогаш е (во нешто) подобра

Балканштина

Што ти е Европејски сојуз

Македонштина

35 години крпење

Македонштина

Не е чудно што не се снаоѓаме гео-политички

Балканштина

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина

Ризикувајте, еднаш се живее

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Курви, збогум

Позајмени писма на читатели

Добар ден, како сте?

Краставица? Не, благодарам

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy