- Француски апелациски суд ја потврди вината на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од ЕУ, но ѝ ја скрати забраната за извршување јавна функција од 5 години и ѝ остави можност да се кандидира на претседателските избори идната година.
- Судот ѝ изрече 30 месеци условен затвор, кој веќе го отслужи, и 15 месеци носење електронска алка за следење, што може да ѝ направи сериозни логистички проблеми за време на предизборната кампања.
- Судија дополнително ќе ги одреди часовите кога таа може да биде отсутна од својот дом и да ѝ го ограничи движењето. Ле Пен би можела да побара алката да ѝ биде отстранета по неколку месеци поради добро однесување.
- Соочена со вакви ограничувања, на лидерката на француската десница ѝ останува самата да одлучи дали ќе се кандидира. Ако реши да се повлече, кандидат на десницата ќе биде нејзиниот заменик и политички наследник Жордан Бардела. И двајцата, според досегашните анкети, би освоиле најмногу гласови во првиот круг од изборите в година.
ЕДИТ: Ле Пен објави дека ќе се кандидира за претседател во 2027 година и дека ќе поднесе жалба до највисокиот француски суд против пресудата со која ѝ се наложува носење електронска алка на глуждот. „Вечерва, јас сум кандидат на претседателските избори“, изјави Ле Пен.
- Казната за Ле Пен произлегува од обвиненијата дека функционери од нејзината партија Национален собир злоупотребиле средства од Европскиот парламент наменети за асистенти. Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека е жртва на политички прогон за да биде елиминирана од трката за претседател.