Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Деветте круга на македонските студентски домови

31 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Како студенти, секојдневно се бориме со ладното, премрзнати сме, немаме каде да одиме во тоалет, немаме топла вода за капење… ова се само основните работи кои по Законот за студентски стандард му се се гарантирани на студентот. Да не зборуваме за подобрување на исхраната, интернет, обезбедување, перење алишта, читална и сè останато што му треба на еден студент во нормални времиња,“ ја започнува својата исповед студентка корисничка на „услугите“ на еден од овие домови.
  • На крајот на јуни оваа година, беше најавено дека летово ќе се реновира третата зграда, односно ќе ги реновираат тоалетите. Цело лето ништо допрено.
  • Многу другари се жалат на уринарни инфекции – зборувам за ешерихија коли, стрептокока, циститис и други сериозни инфекции. Од петти кат на втора ламела мора да се симнете до долу и да одите до прва ламела на трети или четврти кат само за физиолошка потреба. Замислете за капење!

извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
2

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
3

Да му се оди на Васко

Инфо
4

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
5

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
6

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
7

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

3

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

4

Падна и системот на НСА

5

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
6

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

7

ЕУ панично собира пари пред да дојде Ле Пен

Свет
8

Waymo ги повлече сите роботаксија од автопати низ САД

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И мускулот од главата си пати

Нашиот Александар Македонски е женско и се вика Ивана

Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Фискална магија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy