Дејв Грол: Може ќе го смениме омотот на Nevermind
6 октомври 2021
- „Навикнат сум на тужби. За жал, со тек на времето тие стануваат нормално „следовање“, вели Грол за тужбата на 30 годишниот Спенсер Елден поради користење на неговата бебешка слика на омотот на Нирвана.
- „Можеби ќе го смениме омотот. Имам многу идеи што би можеле да ставиме, ќе видиме што ќе испадне.“
- Како што пишувавме, Елден со гордост има истетовирано „Nevermind“ на своите гради и неколкупати за медиуми ја има повторено таа фотографија како возрасен, ама пред неколку години сфатил дека е тоа извор на неговите несреќи и дека е неубаво што негова слика била искористена за тој омот, а за која пари има земено само татко му (200 долари).