Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бујар Османи им држи лекции на Македонците во странство

2 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Шефот на дипломатијата повторно обвини дека зад здружението што го отвори клубот во Благоевград стојат две лица од Канада кои имаат антидржавни ставови.

  • Од „ОМО Илинден Пирин“ му одговараат дека тоа се луѓе без кои македонските движења во Грција и Бугарија тешко ќе успееле и им помогнале многу повеќе отколку македонската Влада во изминатите децении.

  • „Многу е тажно да видиш дека Македонија е водена од толку лошо информиран министер, министер кој се информира од медиумите наместо преку своите служби. Господине Османи, друг пат јавете се кај нас барем да имате точна информација. Друштвото не е забрането после отворањето на клубот, ниту како последица од доаѓањето на вашите политички опоненти на неговото отворање“, му пишуваат на Османи Македонците од ОМО Илинден Пирин.

извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
2

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
3

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
4

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
7

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

4

Падна и системот на НСА

5

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
6

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

7

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
8

ЕУ панично собира пари пред да дојде Ле Пен

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Колку ги познавате своите деца?

Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате

Боже, чувај ме од пријателите

Не можеш да разбудиш некого кој се преправа дека спие

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy