Бугарија ја избра Јотова за претседател
2 ноември 2026
- Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија, со 57,6% од гласовите во вториот круг. Нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров освои 39,5%.
- Во првиот круг од гласањето минатата недела, Јотова освои 35%, а Ѓуров 32%.
- За тоа колку е голема довербата на Бугарите во политичарите говори рекордно ниската излезност. Вчера била околу 29%, нешто повисока отколку во првиот круг.
- „Не ми се допаѓа ниту еден од двајцата кандидати“, изјави за Франс прес Красимира Костова, 64-годишна наставничка од Софија, која сепак излегла да гласа.
- Петар Дојчинов, 67-годишен инженер во пензија, изјави дека гласал за „помалото зло“.
- Јотова (62) ја презеде функцијата вршител на должноста претседател во јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори – на кои и победи.