- Кога стана претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ го смени „машкиот“ веб домеин (pretsjednik.hr), со „женски“ (predsjednica.hr).
- Актуелниот претседател Зоран Милановиќ го врати стариот домеин.
- Два месеца по заминувањето на Колинда, тој службен домеин го купува фирма од Пловдив и одеднаш содржината на сајтот почнува да се разигрува.
- Швајцарците со убедливо мнозинство од 70% гласаа на референдум против построго толкување на политичката неутралност на нивната земја. Ова ѝ овозможува на владата да ги следи одлуките на ЕУ за санкции, како на пример против Русија.
- Швајцарија е неутрална од 1516 година и тоа го вгради во Уставот во 1848 година.
- Иницијативата „Зачувување на неутралноста“ бараше владата да не може да воведува економски санкции, освен оние одобрени од Советот за безбедност на ОН, ниту да соработува со НАТО или кој било воен сојуз, освен во случај на напад.
- Министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека неутралноста на Швајцарија отсекогаш била „флексибилна“ до одреден степен. „Неутралноста не треба да се поистоветува со рамнодушност. Швајцарија не смее да врти глава на страна кога се крши меѓународното право, дури и заради заштита на сопствените интереси или мирот“, изјави министерот.