Вести › Набрзинка
Во пола Скопје труе од пожарот во Дрисла
- „Ова е за евакуација. Смрди на пластика. Ова е гасна комора“, пишуваат жители на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево, жалејќи се на мирис од чад во воздухот.
-
„Ветрот вечерва го смени правецот и дува од депонијата ‘Дрисла‘ во насока кон Скопје поради што во делови од градот се чувствува силен непријатен мирис“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
-
„Иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак, испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
-
„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“, ветил тој.
Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)
- Влијателниот конзервативен говорник, активист и поборник на МАГА, Чарли Кирк е погоден од огнено оружје за време на негов настан во Јута, поточно тамошниот универзитет.
- Во моментов не се знае неговата ситуација, но од снимките фатени одблиску кои ги видовме (не ги објавуваме, брутално е) Кирк е погоден во врат, и тоа во вена, човекот тешко да преживее.
ЕДИТ: Претседателот Доналд Трамп соопшти дека Чарли Кирк им подлегнал на повредите.
„Големиот, дури и легендарен Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го немаше срцето на младите во САД повеќе од Чарли. Сочувство до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме!“, напиша Трамп.
- На лице место уапсен е повозрасен белец.
- Чарли Кирк беше од онаа екипа конзервативци (со Бен Шапиро, Кендис Овенс...) кои одеа по универзитетски кампуси и супериорно се конфронтираа со разбудени прогресивци.
- Кирк беше на 31 годишна возраст, женет со две деца.