- Првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини е татко на сопругата на Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Хусеини бил дел од системот кој дозволувал автобусите на „Беса транс“ да влегуваат во домашен и меѓународен сообраќај без соодветна контрола.
- „Сега зетот Абази ќе треба да докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што ‘Беса транс’ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини,“ јави ТВ Алфа.
- Во сообраќајната несреќа на автобус на „Беса транс“ лани во ноември во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.
- Администрацијата на Трамп привршува план за продажба на 40.000 бомби МК-84 на Израел, секоја од по 900 килограми.
- Експлозијата на бомбата МК-84 – една од најмоќните во арсеналите - исфрла метални фрагменти стотици метри во сите правци и може да пробие метал и дебел бетон. Израел фрлил стотици МК-84 врз Газа и Либан, дури и врз зони означени како „безбедни“ за цивилите.
- Пакетот во вкупна вредност од 2,8 милијарди долари вклучува и продажба на 20.000 боеви глави I-2000, наменети за пробивање утврдувања.
- Иако трансакцијата се опишува како продажба, за бомбите всушност плаќаат САД преку механизмот за Странско воено финансирање.
- Администрацијата на Трамп врши притисок врз лидерите на надлежните комисии на Конгресот да ја одобрат продажбата. Комисиите досега поддржувале вакви продажба, но во јули повеќе од 100 демократски конгресмени гласаа за прекин на секаква американска помош за Израел. И сè поголем број конзервативни коментатори, вклучувајќи ги Мегин Кели, Такер Карлсон и Кендис Овенс, се против помошта од 3,8 милијарди долари што САД му ја испраќаат на Израел секоја година.