- Миле Јанакиевски е осуден на четири ипол а Гордана Јанкуловска на две ипол години затвор за Титаник.
- Мартин Протуѓер добил условна казна од две години а изречени се уште три условни и две затворски казни.
- Претходно тројцата признаа вина за делото кое ги товари за незаконското финансирање на изборните кампањи и организирање активностите за употреба на сериозни закани и притисоци на лица со избирачко право.
- Москва објави меѓународен налог за апсење на Павел Дуров, основачот на Telegram, поради „олеснување терористички активности“ против Русија.
- „Telegram не отстранил материјали кои украинските специјални служби, терористички и екстремистички организации ги користат за планирање и координација на саботажа и тероризам, масовни убиства и кибернетски измами на руска територија“, објави Федералната служба за безбедност. Обвинението носи максимална казна од 15 години затвор.
- Дуров го основа Telegram во Русија во 2013 година, но ја напушти земјата по судир со Кремљ и живее во Дубаи. Кога првпат беа поднесени обвиненија дека одбива да соработува со властите, тој рече дека Москва измислува изговори за да ја задуши слободата на говорот.
- И Франција води истрага против Дуров поради одбивање да предаде податоци од корисници на Telegram, обвинение поради кое веќе ја напушти Русија.
- Апликација за шифрирано допишување Телеграм денес има повеќе од 1 милијарда корисници и е широко распространета и во Русија и во Украина. Москва попусто се обидува да ја ограничи употребата на Telegram и ја промовира платформата MAX, поддржана од државата.