Вести › Набрзинка
ЕУ ги оптовари кинеските електрични коли со 38%
-
Ризикувајќи започнување трговска војна, ЕУ воведе дополнителни тарифи за електричните возила од Кина од 38%, правдајќи го тоа со нефер државните субвенции кои ги добиваат.
-
Главната причина ќе да е тоа што продажбата на кинески електрични коли во ЕУ се има покачено од 0.4% до речиси 8%.
-
Претходно пишувавме дка кинеските автомобилски компании го повикале официјален Пекинг да ги дрмне конкурентите од Европската унија со увозни даноци до 25 отсто доколку ЕУ ја реализира заканата и воведе царини за возила од Кина.
******
Види и:
Ќе бара ли сега Бугарија промена и на албанскиот устав?
-
Ако во пописот во Албанија има трипати повеќе Бугари, дали ќе биде услов и таму тие влезат во преамбулата на Уставот?
-
За резултатите од пописот во Албанија, Мицкоски вели дека Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда.
-
„Прашањето е дали и за Албанија ќе важи тој услов или само за нас ќе важи. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата: Не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а за таму каде што ги има трипати повеќе да не важи“, вели премиерот.