- Саудискиот престолонаследник Мохамад бин Салман ја одбил понудата од Бенјамин Нетанјаху израелските сили да се вклучат во војната против бутновничките хути во Јемен.
- Целта на понудата од Нетанјаху, според извори на „Хаарец“ била ги зајакне врските со Саудиска Арабија заради нормализација на односите помеѓу двете земји.
- Главниот услов на Ријад за воспоставување официјални односи е Израел да им дозволи на Палестинците да имаат своја држава.
- Хутите во изминатата недела извршија четири напади врз меѓународниот аеродром во Ријад, при што загинаа 18 луѓе и повеќе од 300 беа ранети. Немало ниту една звучна тревога за воздушна опасност. Сирените биле исклучени затоа што граѓаните се жалеле дека ги будат од спиење.
- Компанијата Getty Images ќе поднесе барање за стечај за да се реструктуира во приватна компанија и да го избрише долгот од 2,1 милијарда долари, предизвикан од појавата на алатките со ВИ за генерирање слики.
- Членовите на семејството Гети и инвестициската фирма Koch ќе вложат 533 милиони долари нов капитал за да ја преземат целосната сопственост.
- Њујоршката берза веќе почна процедура за бришење на Getty од листинзите, бидејќи вредноста на акциите падна за над 99%.
- Финансискиот ресет доаѓа по низа кризи, вклучувајќи го и пропаднатото спојување со конкурентот Shutterstock вредно 3,7 милијарди долари.
- Покрај Getty, и Shutterstock и Adobe Stock ги чувствуваат последиците од сликите и видеата генерирани со ВИ, кои ја заменуваат набавката на содржини и да вршат притисок врз цените за лиценцирање.