Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 8 парчиња аспарагус, исецкани
- 8 јајца
- 125мл. млеко
- 200гр. свински колбаси, ситно сецкани
- 75гр. козјо сирење, изронето
- 2 лажички оригано
- 250гр. чери домати, исечени на четвртини
- 2 лажички босилек
- 1 главица кромид, ситно исецкан
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица сок од лимон
Подготовка
Сварете го аспарагусот во тенџере со зовриена вода и сол 3-5 минути. Потоа измијте го под млаз студена вода и исцедете го.
Во сад изматете ги јајцата со млекото. Зачинете ги со сол и бибер. Во тава со масло испржете ги колбасите на посилен оган. Извадете ги во чинија со хартија.
Во длабока тава наредете го аспарагусот и колбасите. Истурете ги јајцата одозгора. Печете ги 5 минути. Додадете козјо сирење и оригано и печете ги уште 7 минути, без мешање. Оставете го омлетот да одстои 5 минути во тавата.
Во сад измешајте домати, кромид, босилек, масло и сок од лимон. Послужете го омлетот со свежата салата.