Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 600 гр. кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажичка кафеав шеќер
- 1/2 лажичка морска сол
- 1/2 лажичка бибер
- 2 лажици оцет балсамико
- 350 мл. павлака
- 120 мл. мајонез
- Ворчестер сос
Подготовка
Исецкајте го кромидот. Во тенџере загрејте масло на средна температура. Додадете го кромидот и гответе со постојано мешање околу 15 минути. Додадете го кафеавиот шеќер, солта, оцетот балсамико и биберот и убаво промешајте. Намалете ја температурата и гответе го кромидот околу 30 минути, со често мешање. Оставете го кромидот да се излади околу 10-15 минути.
Во сад помешајте ја павлаката, мајонезот и малку Ворчестер сос. Додадете го кромидот и убаво промешајте. По потреба посолете. Сосот е најдобар ако се остави да се излади неколку часа.
Сервирајте го со чипс по желба. На здравје!