Арапска кујна

Хумус

Вкусно макало од наут.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 200 гр. сварен наут сварен
  • 2-3 лажици таан
  • 200 мл. павлака
  • 1 лимон цеден
  • 2 чешниња лук
  • нане свежо, неколку ливчиња
  • сол по вкус
  • црвен пипер
  • маслиново масло

Подготовка

Наутот е пожелно да се остави да кисне во вода претходната вечер или барем неколку часа пред варењето. Може и веднаш да се вари, меѓутоа ќе му треба повеќе време. Откога добро ќе се свари, се вадат лушпите доколку ги има и тогаш е спремен за блендирање.

Во блендер се ставаат сварениот наут, таан, лимонов сок, павлака, сол, нане. Се меша додека не се добие хомогена смеса. Доколку е многу густ и не се размачкува, може да се додаде малку од водата во која се варел наутот.

Доколку сакате да го направите посно макалото, наместо павлака додадете 200 мл од водата во која се варел наутот.

Сервирајте го во длабока чинија. Одозгора додадете малку маслиново масло и црвен пипер.
Тоа што ќе ви остане, може да се чува во фрижидер неколку дена.

Може да се користи како додаток на скоро сите јадења бидејќи има неутрален вкус или како макало со чипс, лепче, кифлички и друго.

1 јануари 2013 - 07:00