Пилешки специјалитет

Пилешко со зимски зеленчук

Печено пилешко со пржен зимски зеленчук. 

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 1 главица праз
  • 2 моркови
  • 1/4 зелка
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол и бибер
  • свеж рузмарин

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во огноотпорно тавче ставете го пилешкото зачинето со сол, бибер, свеж рузмарин и една лажица масло. Печете го 40 минути.

Додека се пече пилешкото подгответе го зеленчукот. Во тенџере загрејте вода и варете ги сецканите моркови, праз и ситно сецкана зелка 5 минути. Потоа исцедете ги од водата и во тава со две лажици масло пржете ги на загреана рингла 10 минути. Зачинете ги со сол и бибер по вкус и послужете ги со печеното пилешко. Пријатен апетит! 

6 ноември 2012 - 07:00