Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1/2 главица црвен кромид, ситно сецакн
- 4 чешниња лук, сецкан
- 50гр. кафеав шеќер
- 1 лажица оцет балсамико
- 2 лажички мајчина душица
- 400гр. чери домати, сецкани
- 250гр. тестенини пожелба
- 50мл. маслиново масло
- 50мл. бело вино
- 150мл. хопла
- 2 лажици сецкан босилек
- 4 парчиња пилешки гради
- лебни трошки
- 1 јајце
- 60гр. зелена салата
Подготовка
Измешајте ги во тава на среден оган кромидот, половина од лукот, половина од доматите, шеќер, оцет и мајчина душица. Кога ќе зовријат намалете ја јачината на ринглата. Гответе ги 15 минути со повремено мешање. Потоа додадете ги останатите домати, промешајте и тргнете ги од рингла да се ладат.
Во меѓувреме згответе ги тестенините во тенџере со вода и сол по упатството на ќесата. Процедете ги во цедалка, вратете ги во тенџерето и покријте ги за да останат топли.
Во тава на среден оган загрејте лажица масло и пржете го остатокот од лукот. Додадете вино и хопла. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и оставете го сосот да се готви 5 минути додека да згусне. Додадете ги тестенините и босилек и промешајте ги. Зачинете со сол и бибер по желба.
Загрејте го останатото масло во тава на силен оган. Пржете го пилешкото месо панирано во јајце и лебни трошки. Кога ќе добие златно жолта боја од едната страна превртете го и пржете од другата страна додека целосно да е зготвено.
Сервирајте ги шницлите со пржените домати, кромид и лук и тестенините во сос.