За љубители на џигер

Пилешки џигер

Пржен пилешки џигер приготвен со лук и лимон.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 1/2 кг. пилешки џигер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка кумин
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • сол и бибер
  • 200 мл. сок од калинка
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици масло

Подготовка

Сварете го џигерот во тенџере со вода и една лажица оцет. Гответе го на среден оган околу 20 минути.
Исецкајте го ситно лукот и пропржете го во подлабока тава со масло на среден оган додека да добие златно жолта боја. Потоа додадете сок од лимон, сол и бибер.
По една минута додадете во лукот сок од калинка, магдонос и кумин и добро промешајте. Додадете го џигерот во смесата и гответе го 10 минути. Превртувајте го на секои 2 минути за да се зготви рамномерно.
Послужете го џигерот веднаш со зелена салата и гарнир по желба.

31 август 2012 - 13:14