Овошје на скара

Печени праски

Праски печени со бадеми и нане.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 100 гр. бадеми
  • 3 лажици ситно сецкано нане
  • 50 гр. мед
  • 6 праски
  • 200 гр. кремсирење
  • масло

Подготовка

Измешајте ги бадемите, нането и медот во блендер додека да добиете рамномерна смеса. Загрејте ја скарата.
Пресечете ги праските на половина и одстранете ги семките. Премачкајте ја внатрешната страна на праските со малку масло. Потоа печете ги праските на скара по околу 2 минути додека да добијат златно жолта боја и не карамелизираат. Потоа превртете ги и печете ги уште една минута. Наредете ги печените праски на чинија за сервирање со пресечената страна нагоре. Наполнете ги рамномерно топлите праски со подготвената смеса од бадеми. Додадете по една лажичка кремсирење и декорирајте ги со ливче од нане.
Послужете ги веднаш.

22 август 2012 - 21:37