Мафини

Мафини со сируп од портокал

Лесен овошен десерт.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 1 1/2 лажици рендана кора од портокал
  • 125г. путер, омекнат
  • 260гр. шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 190гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 100мл. цеден сок од портокал

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло калап за 12 мафини. Во еден сад измешајте го прашното со прашокот за пециво.
Во длабок сад измешајте кора од портокал, путер и 190гр. шеќер во прав. Со миксер изматете ги состојките додека да добиете бледа кремаста смеса. Потоа додадете ги јајцата едно по едно. На крај додавајте го брашното една по една лажица и додадете 2 лажици сок од портокал.
Со лажица поделете го тестото во калапите. Печете ги мафините 20 минути.
Во меѓувреме измешајте ги остатокот од шеќерот, сок од портокал и 100мл. ладна вода во тенџере на слаб оган. Гответе го сирупот 5 минути со мешање додека да се растопи шеќерот. Потоа зголемете ја јачината на ринглата. Кога ќе зоврие сирупот оставете го да се готви 3 минути без мешање за да се згусне.
Извадете ги испечените мафини и оставете ги да одстојат 5 минути. Потоа наредете ги во чинија и прелијте ги со жешкиот сируп.
На здравје!

21 август 2013 - 10:58