Интегрални мафини

Интегрален десерт од мусли

Вкусни мафини од мусли, јогурт и овошје.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 130гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 90гр. интегрално брашно
  • 60гр. шеќер во прав
  • 1 лажичка цимет
  • 130гр. мусли (со суво овошје)
  • 80гр. маргарин
  • 200мл. ванила јогурт (овошен јогурт)
  • 2 јајца лесно изматени
  • 1 поголемо јаболка, излупено и исецкано на ситни парчиња
  • 1 лажица мед

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете со хартија за печење калап за 12 мафини.
Во еден сад измешајте го брашното со прашок за пециво, шеќер, цимет и 50гр. мусли. Во друг сад изматете ги јајцата со маргарин и јогурт. Додадете ги во брашното со мусли и со лажица измешајте го тестото. Додадете ги парчињата јаболко и добро промешајте.
Со лажица поделете ја смесата во калапите за мафини со тоа што нема да ги полните до горе. Во сад измешајте ги остатокот од муслите со мед. Додадете ги во калапите врз тестото и благо притиснете за да се залепи.
Печете ги мафините 20 минути. Потоа оставете ги 5 минути да одстојат пред да ги извадите од калапите. Послужете ги изладени.
Пријатен апетит!

12 септември 2013 - 15:47