Десерт со кафе

Еспресо колачиња

Рецепт за брзи колачиња од кафе и чоколадо.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 9 лажици путер
  • 220 гр. брашно
  • 50 гр. какао
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажички еспресо
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 250 гр. шеќер
  • 3 јајца
  • печени бадеми

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче за печење со една лажица путер. Обложете го со хартија за печење и оставете го на страна.
Во еден сад измешајте брашно, какао, сол и прашок за пециво.
Во едно тенџере растопете го путерот и чоколадото на пареа на тивок оган. Мешајте додека да се соединат. Потоа во тенџерето додадете го шеќерот. Промешајте па додадете ги јајцата. Мешајте ги добро додека да добиете рамномерна смеса. Потоа една по една лажица додадете ја смесата со брашното. На крај додадете 2 лажички еспресо. Истурете го тестото во подготвеното тавче. Одозгора наредете печени бадеми.
Печете го колачот 60 минути во загреана рерна. По печењето оставете го тавчето 30 минути да се олади пред да го исечете на 16 кавадрати.

29 август 2012 - 07:00