Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
1 ч. 5 мин.
Порции
8 парчиња
Состојки
- 220 гр. путер несолен, плус уште малку за подмачкување
- 220 гр. шеќер
- 4 јајца
- 220 гр. брашно саморастечко
- 6 лажици џем од малини, или друг вкус по желба
- 1-2 лажици шеќер во прав
- 1 ќесичка шлаг пена
Подготовка
Намачкајте две тавчиња за печење (дијаметар 20cm) со путер. Потоа двете обложете ги со кругови од хартија за печење. Изматете ги шеќерот и путерот во мазна смеса, додека не стане скоро бела. Изматете ги малку јајцата и додадете ги на смесата и продолжете со матење со миксерот. Додавајте го малку по малку брашното и мешајте внимателно со метална лажица. Поделете ја смесата еднакво во двете тавчиња, измазнете ја површината и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути, додека пандишпаните не добијат златно жолта боја.
Извадете ги пандишпаните од рерна и оставете да се оладат околу 10 минути. Во меѓувреме изматете ја шлаг пената според упатството на ќесичката.
Поминете со нож по страните и извадете ги пандишпаните од тавчињата. Излупете ја хартијата. Ставате го едниот пандишпан на чинија за сервирање и намачкајте го џемот. Врз џемот намачкајте ја шлаг пената. Прекријте со другиот пандишпан. Наросете одозгора шеќер во прав.
На здравје!