Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
1 лица
Состојки
- 2 јајца
- 1 поголема бабура
- 1 помал домат
- путер
- сол и бибер
- копар за декорација
Подготовка
Измијте ја бабурата и исчистете ја од семето.
Исечете два круга од бабурата со дебелина половина прст. Доматот измијте го и изечете два потенки кругови.
Загрејте малку путер во тава на среден оган. Ставете ги парчињата бабури и пржете ги 3 минути.
Потоа во круговите од бабурите поставете по едно тенко парче домат.
Зачинете го со малку сол и бибер и пржете го уште 1-2 минути. Потоа внимателно скршете по едно јајце врз секој од круговите.
Не се грижете ако белката малку ви се прелие. Зачинете ги јајцата со сол и бибер по желба. Пржете ги суште неколку минути додека јајцата да бидат готови.
Потоа внимателно сервирајте ги со тост и декорирајте со копар.