А и ова може да биде Твитер

На Твитер работите се доста јасни, имаш текст, слика и видео, и сите тие се прилично едноставно презентирани, без премногу труд околу визуелното искуство на корисниците. Барем на еден дизајнер не му се допаѓа како ова функционира до сега.

Фред Нерби (само од себе) решава да преземе нешто околу дизајнот на Твитер, пред се затоа што луѓето повеќе го гледаат интернетот, отколку што го читаат.

Целиот "римејк" е само концепт, не е нарачан од Твитер и нема никаква најава дека кога и да е ќе биде имплементиран. Ама изгледа фантастично.

Инаку, Нерби е човекот кој пред некое време направи сличен римејк на Фејсбук (исто така ненарачан).

Пребарување, главна страна, фејвови, приватни пораки

 

Разговор, ре-твиотви, комуникација на еден корисник со друг

 

Визуелно претставување на твитови, фото албуми, музика

 

Табла со омилени твитови

 

Твитер профили на списанија, студија, сајтови

виа Fred Nerby

3 август 2013 - 16:13