Мислења

ЕУ за во иднина ги складираше проблемите во ширење на Балканот

Европскиот притисок врз Македонија да ги прифати бугарските барања ќе постави лош преседан за регионот, пишува Тони Барбер во текстот за Фајненшл тајмс, според кого овој почеток на преговори што и даден на Македонија не е истиот почеток што ЕУ до сега го давала.

Путин мисли дека победува

„Сè оди по планот“. Ова е изјава на Владимир Путин. Војната во Украина е во својот петти месец и тоа што крајот не се гледа, може да е истоштувачко. Меѓутоа високи функционери на Кремљ продолжуваат да повторуваат дека Русија, која добива превласт на украинскиот исток, ќе ги постигне сите свои цели.

До самитот во Астана и по него

Второто излегување на Путин од Русија од 24 февруари е за учество на самитот во Иран, каде треба да се сретне со лидерите на Иран и Турција како дел од Астана мировниот процес за ставање крај на војната во Сирија.

Ќе има ли војна со Русија?

На НАТО самитот во Мадрид, Финска беше поканета да се приклучи на Алијансата. Што значи тоа за Финска? Дека ако рускиот претседател одлучи да ја пробие 1.300 километри долгата граница со Финска, САД ќе мора да се покрене и да се стави во одбрана на Хелсинки и да војува со Русија на страната на Финска.

Ако Путин победи во Украина, тогаш што?

Во својата магистерска книга „Сталин“ историчарот Стивен Коткин ја најави својата намера да пишува „историја на светот од канцеларијата на Сталин“. Прифаќајќи ја оваа перспектива, деновиве кое е гледиштето од канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин? Посебно, ако Путин ја добие војната во Украина, тогаш што ќе направи следно?

НАТО: Најопасниот воен сојуз на планетата

Масовното проширување на НАТО, не само во Источна и Централна Европа, туку и на Блискиот Исток, Латинска Америка, Африка и Азија, го води светот кон бескрајна војна и потенцијален нуклеарен холокауст. Според симулациите, и само со употреба на тактичко нуклеарно оружје, во првите неколку часа ќе има над 90 милиони жртви.

Русија сака да го парализира НАТО без испукан куршум

Ердоган изминатиов месец имаше мастерклас по дипломатско балансирање. Го спречи приемот на Шведска и Финска во НАТО за да ќари од скандинавското проширување: ем ветување од Шведска и Финска околу Сирија и Курдите, ем притисок врз Бајден да му продаде нови Ф-16ки и надградба за постојните авиони што ги има.

Не е лошо, полошо е

Процената на пазарот на природен гас е дека недостатокот и рекордните цени на енергенсот ќе траат некаде до 2024.

Џо Бајден: Зошто одам во Саудиска Арабија

Следната недела патувам на Средниот Исток за да започнам ново и поветувачко поглавје од американскиот ангажман во регионот. Ова патување доаѓа во клучно време за регионот, и тоа ќе унапреди важни американски интереси.

Што е сега итноста за вакцинирање мали деца против ковид?

Ковид во 2020 очигледно беше здравствена нужност за возрасни. Наспроти тоа, итноста денес многу наликува како да е политичка.

Тажната вистина е дека Путин ја добива економската војна

Постојат лоши политики, и постојат стварно лоши политики. Се прашував кога ќе се појави идејата за воведување на контроли на цените како средство за спречување на инфлацијата, и ете ја, се појави на последниот самит на Г7 лидерите.

НАТО е во своја кожа: Влегуваме во Студена војна

Блоковска поделеност и Студена војна се природна атмосфера за НАТО и суштина на неговото постоење. Алијансата сега фрла око и на Кина, а на самитот во Мадрид се цртаат новите борбени линии кои ќе траат со генерации. Само што денес светот веќе не ја купува приказната дека се работи за глобална борба за слобода.

Што е следниот потег на Путин?

Што е следно по падот на Северодонецк, по крахот на целосната западна аналитика околу решителноста на Москва да ја добие војната, по неуспехот на Западот да ја сфати длабочината на омразата и презирот што Путин ја има кон нив?

Кларенс Томас и расизмот на разбудените елити

Црниот врховен судија кој гласаше за уривање на одлуката со која абортусот беше уставно загарантиран, од прогресивците доби повеќе хејт и омраза отколку белите судии кои гласаа како него. Просто затоа што е црн, а секој црнец, мислат тие, мора да е од нивна. 

Лагата на ЕУ солидарноста за Украина

ЕУ и формално ја додаде Украина на листата кандидати за членство, ама ако внимателно погледнете под целата помпа ќе видите дека ова е далеку помала работа отколку што Брисел сака да верувате.

Дали сме сигурни дека Америка не е во војна во Украина?

И покрај првичната колебливост (Путин мора / не мора да биде соборен од власт), американската реторика се заострува со тек на време: во март целта на Америка беше Украина да се одбрани себе си; до крајот на април целта беше „ослабена“ Русија. Меѓутоа една конзистентна работа е дека Америка нема да почне војна со Русија за Украина.

Војната во Украина е судир на волји и економска болка, а Западот се замори

Ако ви пречи 5 долари за галон гориво, тогаш помислете како е на 8 долари (колку што е во Италија). Или природниот гас кој во Италија е четири пати поскап отколку во Соединетите држави.

Поглед од Германија: Русија победува

Охрабрувачки звучат повторувањата дека Запад не смее да дозволи Русија да победи во војната но ситуацијата друго кажува: Русија има освоено територија колку Холандија и Белгија заедно, а не ја добива ни глобалната игра со санкциите. „Што поскоро треба да ставиме крај на оваа војна која не ја добиваме“, порачува германски издавач и публицист.

Берни Сандерс: Демократите се на пат јако да изгубат

Според многу сондажи, Републиканците имаат одлични шанси за победа на претстојните ибори во ноември. Главата причина: Демократите со години губат гласови кај белата работничка класа. Сега тоа им се случува и со латино, црните и азијатските работници.

По ѓаволите (алтернативно: до курца) со „Месецот на гордоста“

Прајдот е станат помпезен, гротескен и нетолерантен, пишува еден англиски сценарист кој е геј но не би да драматизира околу тоа. Знамето кое нон стоп се апдејтира, кратенката која постојано добива нови букви, изливи на солидарност од сите страни, сето тоа прави јуни да стане еден од потешките месеци за поднесување, пишува тој. 

Дали Русија победи во војната на односи со јавност?

Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.

Прерано е да му одбројувате на Ши

Комбинација од „елити“, „реформатори“, „гневни претприемачи“ плус премиерот Ли Кечијанг е наводниот состав на опозицијата со која се соочува кинескиот претседател и која му ја крои пензијата по гласањето за нов мандат закажано за есенва.

ЕУ треба да заборави на санкции

Уште еден помирувачки глас од Западот, овој пат во облик на колумна од британскиот новинар и колумнист на Гардијан, Сајмон Џенкинс, порачува дека „Далеку од тоа да ја присилат Русија да излезе од Украина, санкциите предизвикуваат големо страдање низ целиот свет како што цените на храната и  струјата нагло растат.“

Амбер Херд и кризата на феминизмот

Модната Библија Вог порача дека тој што не ѝ верува на Амбер Херд има кородирана емпатија. На девојка која мораше да напушти школо откако ја предизвика транс-родовата идеологија, пак, не ѝ се веруваше до толку. Зошто на еден тип жени рабудените им веруваат по автоматизам додека други се игнорираат?