Разно

Помалку хокеј, повеќе тепање

Скратената сезона заради локаутот во НХЛ лигата донесе многу нервоза и повеќе тепачки од останатите регуларни сезони, па така некои денови има повеќе тепачки од натпревари.

Како се калеше RB9

Ред Бул го претстави својот нов болид RB9 со кој ќе се обидат да стигнат до четвртата последователна титула во Формула 1 шампионатот.

Масовна рагби тепачка

Не дека кога играат рагби не се тепаат, ама репрезентативците на Белгија и Грузија поштено се измлатија на квалификациски натпревар за Светско првенство.

Балтимор го освои темниот Супер боул

Можеби за нас малку непознат спорт, но во САД синоќа владееше вистинско лудило. Супер Боул XLVII натпреварот им припадна на Балтимор Рејвенс по возбудливиот меч со Сан Франциско Фортинајнерс. Еден од најгледаните спортски настани на планетата го одбележа и прекинот на електрична енергија.

Боксерите и голферите заработуваат најмногу

Магазинот Форбс направи листа на спортисти според висината на заработувачката и изнанадувачки, двајцата најдобро платени се боксери, а во Топ 10 пред Кристијано Роналдо има и тројца голфери.

Новиот волан на Раиконен

Инспирирани од својот возач кој важи за најзабавен во Ф1 шампионатот, тимот на Лотус му направи нов волан на Кими Раиконен на кој наместо вообичаените команди има копчиња за сладолед, банана, Твитер, телефонски повик до мајка му...

Допинг скандал го тресе шпанскиот спорт

Пред судот во Мадрид се појави докторот Еуфемиано Фуентес кој ја има главната улога во еден од најголемите допинг скандал во светот на спортот и скандал кој може да ја оцрни доминацијата на Шпанија во сите спортови.

Ски скок од прво лице

Уживајте во ски скокот на Словенецот Јуриј Тепеш, кој со помош на видео камера ќе ве внесе во височината и брзината на овој зимски спорт од највисоката скокалница Викерсунд. 

Некои тенисери едвај врзуваат крај со крај

Додека врвните светски тенисери заработуваат огромни суми на пари, како на пример Новак Ѓоковиќ кој вчера од Австралија си замина со 2,4 милиони долари, некои од пониско рангираните, како французинката Клер Ферстен, на крајот од годината останала со само 200 евра во џеб.

Ѓоковиќ триумфираше во Австралија и влезе во историјата

Светскиот тенисер број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија го победи Шкотланѓанецот Енди Мареј и ја освои својата шеста титула од Гренд слем турнирите и стана првиот тенисер кој три пати по ред триумфира во Мелбурн.

Необична олимписка кандидатура на Словачка и Полска

Олимписката практика и традиција е за домаќин на Олимписките игри да се кандидира еден град, но за Зимските Олимписки игри во 2022-та година заедничка кандидатура ќе поднесат две држави.

Читатели го тужат Армстронг за лаги во книгите

Неколку жители на САД, помеѓу кои е и еден советник на Шварценегер, го дадоа на суд Ленс Армстронг заради лагите во неговите книги во кои тврди дека ги освојувал титулите благодарение на макотрпен тренинг.

Нервозата на Австралија Опен

На годинашното издание на Гренд слем турнирот на Австралија Опен беа искршени десетина рекети. Ова се најнервозните моменти за тениските ѕвезди. 

Ноле дава вештачко дишење

Трикраткиот шампион на Австралија Опен кој денеска го обезбеди и четвртото финале, повторно си најде време за забава. Публиката во Мелбурн ја изненади со поинаква бела униформа од каква што сме навикнати да го гледаме, а во шоуто се приклучија и легендарните Горан Иванишевиќ и Анри Леконт.

До 1.000 евра за билет за ЗОИ во Сочи

Започна продажбата на влезниците за Зимските Олимписки игри кои во 2014-та година ќе се одржат во рускиот град Сочи. Најдлабок џеб треба да имаат љубителите на хокејот и уметничкото лизгање.

Пази грбот

Мајкл Мекомиш, борач од средно училиште имаше непријатно искуство на меч во кој никој не можеше да му го чува грбот. За среќа заврши само со неколку конци во главата, без сериозни последници.

Од камионџија до најмоќен тренер

Ник Сејбен кој во минатото низ Америка разнесувал Кока Кола, стана трикратен првак со екипата на Алабама Кримсон Тајд во популарниот американскиот фудбал (рагби) во универзитетската лига.

Советите на Звонко

„Нападот да заврши со шут", „Да се шутне да се клај гол", „Треба шутој на гол"... и останатите совети со непроценлива вредност на селекторот Звонко Шундовски.

Вистински пример за спортско витештво

Шпанскиот атлетичар Иван Фернандез Анаја имаше шанса да ја искористи невнимателноста на олимпиецот Абел Мутаи, но сепак му дозволи на противникот да триумфира.

Барса и Роналдо главни на социјалните медиуми

Барселона и Кристијано Роналдо се најпопуларни спортски „брендови" на социјалните мрежи, а Роналдо и Меси се повеќе популарни дури и од своите клубови.

Џогирај, диши длабоко и стани понизок

Само на кратко понизок, ама сепак мерливо понизок. За сите оние кои сакаат да се скусат (ако има такви) барем привремено, нека почнат да трчаат.

Армстронг остана и без олимпискиот медал

Меѓународниот олимписки комитет одлучи да му го одземе бронзениот медал на велосипедистот кој го освои на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

Најинспиративните спортисти на годината

Признанието за спортист на годината од страна на магазинот Sports Illustrated му припадна на Леброн Џејмс, но тој ова признание им го посвети на браќата Лонг. Конор има 9, а Кајден 7 години и има церебрална парализа, но тие двајцата заедно се натпреваруваат во триатлон.

Како лажеше Армстронг

По долга истрага, негирање и лажење, Ленс Армстронг синоќа конечно призна дека се допингувал. Еве како изгледаа неговите претходни изјави на оваа тема.