10. Кристијано Роналдо
Португалецот освен 20 милиони долари годишно кои ги заработува од Реал Мадрид, добива уште околу 22 милиони долари од спонзорите како Најк, Кастрол и Конами.
9. Рори Мекилрој
Младиот голфер е новото име во Топ 10 листата. На минатото рангирање беше на 91-та позиција, но по освојувањето на првенството во САД тој потпиша годишен договор со Најк вреден 20 милиони долари и со вкупна заработувачка од 43 милиони долари скокна до 9-та позиција.
8. Дејвид Бекам
Бекам заработува најмногу од фудбалерите, но не со играње, туку со рекламирање. Во изминатите 12 месеци тој заработил вкупно 46 милиони долари, од кои само 9 му се плата од клубот, а останатите се од Бургер Кинг, Самсунг, Адидас...
7. Фил Микелсон
Голферот Микелсон за овој период освои само два турнири од кои заработи 4,8 милиони долари, но сепак од неговите спонзори како Ролекс и неколку финансиски институции тој си ќари дополнителни 43 милиони.
6. Коби Брајант
Најдобро платениот кошаркар и покрај кратењето на платата заради НБА-локаутот доби 20,3 милиони долари од Лејкерс и уште 32 милиони долари од спонзорите.
5. Роџер Федерер
Швајцарецот во последните две години има освоено само еден Гренд слем турнир, но најголем дел од неговите 53 милиони долари ги заработи од спонзорите Најк, Ролекс, Вилсон...
4. Леброн Џејмс
Коби добива најголема плата во НБА, но најмногу заработува Леброн. Тој од Мајами годинава доби 13 милиони, но заработи вкупно 53 милиони долари благодарение на Најк, Кока Кола, Мекдоналдс...
3. Тајгер Вудс
По аферата со проститутките, најдобриот голфер загуби многу спонзори, а цели 30 месеци немаше освоено ниту еден поголем турнир, по што тој веќе не е спортистот со најголема заработка на планетава. Сепак некои спонзори не го напуштија и тој заработи вкупно 59 милиони долари во изминативе 12 месеци.
2. Мени Пакјао
Најпознатиот Филипинец е повеќе од спортист. Тој освен со бокс, во својата земја се бави и со политика, па дури почна и да пее. Неодамна тој ја загуби првата борба од 2005-та година, а за двата меча во последнава година тој доби 56 милиони долари и уште 6 милиони од спонзорите.
1. Флојд Мејведер
Контроверзиот боксер освен што издржа затворска казна од 87 дена заради претепување на девојката, во изминативе 12 месеци во рингот помина неполн час и одработи две борби, за што си заработи 85 милиони долари.