Од камионџија до најмоќен тренер

Ник Сејбен кој во минатото низ Америка разнесувал Кока Кола, стана трикратен првак со екипата на Алабама Кримсон Тајд во популарниот американскиот фудбал (рагби) во универзитетската лига.

Сејбен како млад бил асистент тренер во Рагби, а истовреме работел и за „Кока Кола" како возач на камион. Во спортот бил познат како стратег кој се грижел за целосната програма поврзана со популарниот американски спорт.

Барал голема дисциплина на тренизите, се грижел за економскиот дел во клубот, а одлично се снаоѓал и во одделот за односи со јавноста и медиумите. Играчите ги мотивирал и на многубројните семинари кои биле задолжителни за нив.

Упорноста на 61 годишниот Сајбен се исплатела, затоа што во последните 4 сезони, успеал да освои 3 титули во универзитетската лига во рагби со екипата на Алабама Кримсон. Играчите му го дале прекарот "Никтатор", а компанијата „Кока Кола" му посвети спот во која зборува неговата сопруга Тери.

„Велеа дека е невозможно да го одведи тимот на Алабама до шампионската титула. Велеа дека не може да освои 3 титули за 4 години. Но пред се велеа не може да се ожени со главната мажоретка на најголемит ривал од другото училиште„ вели Тери Сејбен.

Минатата година поранешниот камионџија стана најплатен тренер во Колеџ лигата со годишна плата од 5,3 милини долари, а магазинот „Форбс" го прогласи за најмоќен тренер со зароботка од 32 милиони долари.

22 јануари 2013 - 13:50