Организаторите на Олимписките игри во Сочи ги одредија цените на влезниците за 98-те настани во 15 различни спортови. Според нив, цените се достапни за секој џеб.
Најскапи влезници треба да платат оние кои сакаат да го проследат финалето во хокејот и за најдобрите седишта ќе треба да платат до 40.000 рубљи или 994 евра.
Втори најскапи се влезниците за уметничко лизгање кои чинат до 488 евра. Оние со помал буџет ќе можат да следат биатлон, ски скокови или карлинг за 37 евра, а најефтини се влезниците за женскиот екипни трки со боб санка кои чинат 25 евра.
Ако сакате само да ја почуствувате атмосферата и да прошетата низ олимпискиот парк без да проследите ниту еден настан, ќе платите 4,5 евра.