Разно

Предвременото славје на Ајронмен

Французинот Жереми Јуркевич ја научи лекцијата дека не треба да се почнува со славење пред да се помине целта на Ајронмен трка, затоа што не сите натпреварувачи се фер како Бразилецот Игор Аморели.

Хокеј гол со пируета

Владимир Ткачјов од КХЛ клубот Барс Казањ на егзибициски натпревар во Русија го постигна најневеројатниот гол на хокеј терен од кој ќе ви се сврти во глава.

Најлошиот тим е најпрофитабилен во историјата

Хјустон Астрос, клубот со убедливо најлоши резултати во американската бејзбол МЛС лига, не само што е најпрофитабилна екипа во 2013. туку ќе стане и најпрофитабилна екипа во историјата на овој спорт.

Ако не можеш да го победиш, оштети му ги лизгалките

Освојувач на медал од претходните Зимски Олимписки игри заработи суспензија од две години затоа што му ги оштетил лизгалките на ривалот од Канада.

Кога играш против Серена

Ништо не те спасува кога за противник ја имаш Серена Вилијамс. Американката ја растури Франческа Скиавоне со 6:1 6:0, па таа мораше да се утеши со прегратка од еден од момците кои ги собираат топчињата.

Уметноста на пит-стопот

Ред Бул го држи рекордот за најбрз пит-стоп во Формула 1 со траење од 2,05 секунди, а во следното успорено видео ќе можете да видите што сè прават нивните механичари за тие две секунди.

Пази галеб!

Нормален работен ден за еден возач на тркачки автомобили кој при оваа ситуација искулирано постапи како секој ден да му улетуваат галеби во кола за време на трка.

Трка со пресврт

Бајкерот Михал Мароси падна, но на крајот сепак успеа да оствари победа и тоа на неверојатен начин со помош на ѕид.

Лобот на Дел Потро од меѓу нозе

На тениските терени често гледаме удари од меѓу нозе, но овој пат Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со ваков удар успеа да го лобува и да му земе поен на Николај Давиденко.

Изненадувачки крај на кариерата за шампионката на Вимблдон

Најдобрата француска тенисерка и актуелен носител на титулата од Вимблдон, 28 годишната Марион Бартоли го шокираше тенискиот свет и реши да стави крај на својата кариера.

Лужники зјае празен за време на Светското првенство

Добрите резултати и големите ѕвезди не беа доволна причина за публиката да дојде во голем број на стадионот Лужники каде се одржува Светското атлетско првенство. Московскиот стадион зјае празен, а организаторите се правдаат со големата горештина.

Рекордите што нема да бидат срушени

Во досегашниот тек на Светското атлетско првенство во Москва не беше срушен ниту еден рекорд, а постојат неколку светски рекорди што сигурно нема да бидат срушени на ова првенство, ниту во блиска иднина.

Започнува најмасовното светско првенство

Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.

Предвременото славје чини златен медал

Меган Ратлеџ си ја научи лекцијата дека славјето не треба да започне се додека не се помине низ целта на мото-крос трка.

Хуманата страна на Роџер Федерер

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но еден гест со девојка која се излечила од рак, докажува дека тој е еден од најхуманите спортисти и голем човек пред сè.

Пола рагби тим отиде на трудничко

Жените и спортот понекогаш тешко одат заедно особено во ваков случај кога ќе забремени речиси половина тим и ќе ги остави на цедило колешките кои не можат сами да постасаат со работа.

Цела Јамајка на допинг тест

Контролорите од Светската анти-допинг агенција упаднаа во кампот на Јамајка од Москва и им земаа примероци крв за анализа на сите членови на репрезентацијата.

Ултрамаратонецот кој бил страстен пушач ја истрча најжешката трка

Нема поголем подвиг од триумф на таканаречената „Најтешка човечка трка во светот". Овој ултрамаратон кој професионалците го трчаат за минимум 1 ден е долг 217 километри, но до целта се стигна преку „Долината на смртта", пустинска котлина со најголема суша каде летно време температурата достигнува до 50 степени.

Најмизерните спортски градови во САД

Спортската мизерија не е само поврзана со бројот на порази. Понекогаш тоа е и разочарувањето за навивачите откако еден тим бил на чекор до освојување на титула. Ова се најмизерните спортски градови во Америка.

Барселона и Реал Мадрид владеат на интернет

На листата на Топ 50 највредни спортски клубови според магазинот Форбс се наоѓаат 30 клубови од НФЛ, но сите тие заедно на Фејсбук и Твитер вкупно имаат помалку фанови од Барселона.

Пази камера!

Трчаш 21 килoметар по карпи и камења на една од најтешките трки на висина од 4.000 метри на планина во Малезија, за на крај да настадаш од - камера.

Го продава златниот медал за да си го спаси здравјето

Параолимписката шампионка Лиу Јукун одлучи да се прости од златниот медал кој го освои на Параолимписките игри во Барселона 1992 и парите да ги вложи за операција.

Роналдо е недостижен на Твитер

Ѕвездата на Реал Мадрид е најпопуларната спортска личност на Твитер со дури 20 милиони следбеници.