Разно

Шумахер оставил наследство од милијарда евра

Поранешниот славен возач на Ферари кој се наоѓа во кома, големата сума на пари му ја препишал на своето семејство.

Шефот на Формула 1 ќе седне на обвинителна клупа

Според Би-Би-Си, Берни Еклстоун ќе мора да оди на суд во Минхен за корупциската афера во случајот "Грибковски" во која е обвинет за мито.

И вака имало

За мајсториите кои ги владеат Кинезите со малото топче на маса ни е непознато, но дека се дозволени и вакви фори во пинг понг не сме знаеле.

Неподносливиот пекол на Австралија опен

Новата сезона во тенис почна да се игра како во сауна. Натпреварувачите се онесвестуваат и предвреме се откажуваат поради високите температури кои одат над 40 степени. Од Грен слем турнирот во Мелбурн за оваа година веќе се простија осум тенисери уште во првото коло.

Луксузниот живот на најбогатиот спортист во светот

Иако имаше развод кој го чинеше 110 милиони долари, за Тајгер Вудс тоа не е пречка да се лиши од скапи куќи, јахти и приватен авион со кој прави обиколка низ светот. Најбогатиот спортист за 2013 година живее како Бог и се верува дека до сега заработил 1,3 милијарди долари.

Дел Потро има уште два рекети

Освојувачот на Отвореното првенство на САД од 2009-та година, Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро има сериозни проблеми со опремата. Му останаа само уште два тениски рекети во екот на Гренд слем турнирот во Австралија.

Најстрашните

ESPN ги праша сите играчи од НФЛ лигата против кого највеќе се плашат да играат. Ова се најстрашните според резултатите од анкетата:

Двајца судии, еден килим

Како да им се осветиш на судии кои те оштетиле на хокеј натпревар? Само постели им килим и тие сами ќе се казнат.

НХЛ распродава повеќе од НБА

Челниците на НБА лигата се пофалија дека оваа сезона во просек продаваат за 1% повеќе влезници од минатата сезона, но сепак кошаркарите и натаму заостануваат зад хокеарите.

Како се роди легендата

Денес седум-кратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер полни 45 години. Во моментов најуспешниот возач во историјата на спортот е во кома и се бори за својот живот.

Најпосетениот хокеј меч под отворено небо

Освен Англичаните во фудбал, традиционално седма година по ред редовно коло во првиот ден од годината одржуваат и хокеарите во НХЛ лигата. Настанот е вистински празник во САД, а овој пат срушен е и бројот на посетеност со рекордни 105.591 гледачи.

Офсајд девојка на годината

Го избравме офсајд ликот на годината, го добивме шампионот на Типстер на полусезоната, но како машка спортска редакција нешто ни фали. Грев е да се избере само една, но ние се одлучивме на онаа која е најблиска со фаворитот на „Златната топка" Кристијано Роналдо. Среќна нова.

Благо подобрување за Шумахер

Лекарите од клиниката во Гренобл синоќа му направиле уште една операција на легендарниот возач на Ферари кој се уште е во критична состојба.

Историски моменти во спортот за 2013

Голема е конкуренцијата кога треба да се издвојат најатрактивни голови или одбрани од цела година, но во изминативе 12 месеци се случија неколку важни, но и некои епски случки кои се малку и кои не се повторуваат секоја година во спортот. Еве кои ги издвои Си-Ен-Ен.

Четирите скокалници - врв на ски сезоната

Она што е Лигата на шампиони во фудбалот или Гренд Слем во тенисот, во светот на зимските спортови секако е новогодишната скокачка турнеја или едноставно позната како „Четири скокалници".

Шумахер во критична состојба

Седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер се бори за живот во болницата во Гренобл по здобиените тешки повреди на главата по пад на скијање на француските Алпи.

Луда фризура за гага карти

Кај нас со сила да ги тераш и да им купиш карти, пак нема да одат на стадион, а во САД доброволно се пријавуваат да им ги унаказат фризурите за да добијат гага влезница.

Хуман гест на „Докторот“

Мото ГП ѕвездата ја оствари својата цел со автомобилот кој самиот го дизајнираше за да помогне во една болница во Италија.

Осврт на деветтото коло на Бизнис Лигата на Македонија

Со деветтото коло го заокружуваме и целиот есенски дел од Бизнис Лигата во мал фудбал на Република Македонија.

Лавина може да ги прекине Олимписките игри во Сочи

Организаторите на Олимписките игри во Сочи не се секираат толку за безбедноста колку за временските услови за време на најпопуларниот зимски спортски собир.

Рибери не e ни меѓу првите тројца во Франција

Фудбалерот на Баерн Минхен е помеѓу тројцата кандидати при изборот за најдобар фудбалер на светот, но во својата земја е само четврти спортист.

Најлудиот хокеј автогол

Голманот на Феникс, Мајк Смит е најголемиот хокеј малер кој до сега сме го виделе. На натпреварот против Бафало тој си постигна автогол откако пакот му се заглави во дресот.

Тајсон одел на забави со измет од гулаби на главата

Дрога, алкохол и силување се темите за кои најчесто се пишува за најконтроверзниот боксер кој никогаш немал проблем да си раскаже по некоја некоја глупост која ја правел додека бил надвор од рингот. Уште пред да почне со последното интервјуто за Би-Би-Си сам си почнал муабет за своите пороци.

Како индискиот санкач се спрема за Олимпијада

Нашите спортисти се жалат дека немаат услови и инфраструктура и со тоа се правдаат за лошите резултати, но што да каже индискиот санкач кој во цела земја нема патека, па тренира на улица меѓу кози.