Во пресрет на првиот меч на Металург во Лигата на шампионите пред своја публика, хрватскиот стратег изјави дека се чувствува непожелен во Македонија, а потоа прочита смс порака од Кире Лазаров.
Екипата на ТВ ЕХФ беше во Скопје со цел да дознае како македонскиот првак Вардар ги подготвува атрактивните цепелини кои редовно се меѓу топ потезите на колото.
Ацо Јоновски и уште петмина како него веројатно нема да може да ја сопрат оваа грамада од човек. Се работи за највисокиот ракометар во светот, кој е повисок и од Шекил Онил и кој решил кошарката да ја замени со ракомет.
Македонскиот шампион успешно го почна патот за Келн во новата сезона од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Монпеље го засени Вардар во прво полувреме, но во второ доби лекција по ракомет и загуби со пет гола разлика.
Ракометарите на Металург со пораз ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Целосно изменетиот состав на тимот од Автокоманда ќе има многу тешкотии за да биде блиску до она ниво во Европа на која сме навикнати да го гледаме.
По најавата за бомбастичното засилување, Ренато Вугринец и официјално е нов член РК Работнички. Ветеранот кој настапи за македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Катар, ги засили Романтичарите од редовите на Лахвија каде играше заедно со Наумче Мојсоски. Работнички ја претстави екипата на вчерашниот прв собир.
Со голема медиумска помпа, но за сега без големи амбиции стартува новата ракометна авантура на новоформираниот Работнички кој за почеток посакува пласман во плејофот од Супер лигата меѓу четирите најдобри екипи.
Ракометарките на Вардар вечерва ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Индира Кастратовиќ задоволна од исходот и верува дека нејзините избранички сигурно ќе чекорат до Фајнал форот.
Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.
Џез Бејли игра тенис и сквош, сака скијање и трчање, а најголем навивач е на бејзболот. Првиот ракометен меч кој го гледал во живо е средбата меѓу Македонија и Франција во „Борис Трајковски“.
Пред почетокот на денешниот дуел против Чешка, на кој нашите ракометари обезбедија ново учество на Европско првенство, благодарници за досегашните настапи во националниот дрес добија Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски.
Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот на учества на големите натпреварувања, откако вечерва во Скопје ја победи Чешка 32:28 и обезбеди пласман на ЕВРО 2016-та.
Во недела нашите ракометари го играат клучниот натпревар за пласман на ЕП во Полска следната година. Ни одговара и реми со не повеќе од 27 постигнати голови за да го освоиме второто место кое води на шампионатот.
Ниту отсуството на главните играчи во репрезентацијата не ја спречија македонската ракометна селекција убедливо да ја победи Швајцарија 17-26 (8-15) во претпоследното коло од квалификациите за ЕП во Полска. Во недела може да го чекираме пласманот на Евро против Чешка во Скопје.
Вецлар приреди шоу на мечот против Гепинген и го испрати во пензија легендарниот Ивано Балиќ. Спектакуларниот меч, нашиот репрезентативец го искористи за атракција со неговите препознатливи брзи контри. По кусата авантура во Бундеслигата Манасков од наредната година му се придружува на Вардар.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација стигна до најпосакуваниот и единствениот трофеј кој му фалеше во блескавата кариера, а тоа е Лигата на шампионите. Барселона го победи Веспрем и ја освои деветтата титула европски првак.
Каталонскиот тим уште еднаш потврди дека е голем фаворит да стигне до европскиот врв, откако попладнево со 33:28 го совлада полскиот Кјелце и обезбеди финале на Фајнал форот во Келн.
Навивачите на Будуќност од повеќе градови во Црна Гора пристигнуваа во Подгорица да ја прослават титулата во Лигата на шампионите на Будуќност. До вториот трофеј во елитното натпреварување Будуќност стигна на убедлив начин.
Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе се качат на подиумот со најдобрите европски екипи, откако денес во дуел за 3. место го совладаа Динамо Синара 28:26.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.
Македонската ракометна репрезентација растеретено и борбено настапи против Светскиот шампион Франција кој не дозволува сензација. Македонија е прегазена во 4. квалификациско коло за ЕП 2016 со 35:24.