Маестралните одбрани на човекот кој има посебна врска со публиката

По 14 годишна репрезентативна кариера Петар Ангелов денеска се прости од дресот кој го облече 138 пати. Бранеше со срце и душа и беше миленик на навивачите кои го бодреа силно секогаш кога ќе застанеше на гол. На пресот изјави: Доколку Македонија се пласира во Рио, јас прв ќе ги пречекам репрезентативците на аеродром.

Диви дебитираше за младинската репрезентација во 1996 година, а во составот на сениорите прв пат се појави против селекцијата на БиХ во 2002-ра. Ангелов настапи на две Европски и две Светски првенства и за да видите што повеќе одбрани ќе ставиме видеа и од клупската кариера.

Одбраната против Германија кога им ја фати жива на ЕП 2012.

Момент од периодот кога бранеше за Пелистер од 2000 до 2005 година.

Вардар - Рајн Некар од оваа сезона во ЛШ

Седмерецот против Висла Плог од пред 10 дена

И реакцијата на публиката

Компилација

Неговите 5 најважни работи во животот, ама на кавадаречки онака природно.

5 април 2016 - 16:58