И покрај тоа што веќе подолго време мака мачи со повреденото колено, Лука Дончиќ буквално куцајќи беше играч на мечот против Оклахома Сити Тандер со 29 поени, 10 скока и 7 асистенции. Далас Маверикс израмнија на 1-1 во серијата со Оклахома Сити Тандер и со одличен резултат се враќаат во Далас дома каде ги чекаат два натпревари. После натпреварот синоќа прес-конференцијата на Дончиќ била прекината од непристојни звуци, па тој духовито рекол: „Се надевам само не е во живо“.