Навивачите на Милвоки Бакс како да подзаборавија на шампионската титула која Јанис им ја донесе во 2019:
Giannis booed his OWN fans 👀
— BrickCenter (@BrickCenter_) January 14, 2026
Yeah he’s gone 😭 pic.twitter.com/JH6YFY7d2o
Двократниот МВП на лигата и еден од најголемите кои играле во НБА беше жестоко исвиркан од своите сопствени навивачи. Милвоки Бакс претрпе тежок пораз од Минесота која играше притоа без своите лидери Ентони Едвардс и Руди Гобер.
„Никогаш порано не сум бил дел од нешто вакво. Ова е нешто целосно ново за мене. Кога ме исвиркуваат, ќе им возвраќам со свирежи. Цела сезона го правам тоа“, вели Адетокумбо и додава дека свирежите многу го погодиле:
„Мислам дека не е фер. Но секој има право на свое мислење и да го прави тоа што го сака. Нема никому да зборувам како да се однесува кога не играме доволно борбено, кога не победуваме. Исто така не мислам дека некој имап раво мене да ми кажува како треба да се однесувам на кошаркарски терен откако овде 13 години сум практично лидер на франшизата во готово сите статистички категории“.
Ова можеби значи и дефинитивен крај за Адетокумбо во Милвоки и следното лето би можел да замине во друг клуб.