Денвер Нагетс тера добро и без Јокиќ, трета победа по ред

Денвер Нагетс го забележа и третиот триумф по ред, овојпат 118:109 над Далас Маверикс. 

Екипата на Дејвид Аделман покажува дека ќе биде многу сериозен кандидат во борбата за титулата во доигрувањето. И без нивниот лидер и најдобар играч Јокиќ, остварија втора победа на гостувања а вкупно трета по ред.

Џамал Мареј беше најефикасен со 33 поени (13/24 од игра, 2/6 за три и 5/5 слободни фрлања). Повратникот Арон Гордон додаде 22 поени (8/12 од игра, 0/3 за три и 8/12 слободни фрлања) со шест скока и три асистенции.

Без Јокиќ на паркетот Денвер Нагетс одигра 9 натпревари и има учинок 6:3. 30-годишниот Србин добро се опоравува и можно е скоро да се врати на теренот.

Со оваа победа франшизата од Колорадо се враќа на второ место на Западот со 28 победи и 13 порази. Сега си доаѓаат дома во својата Арена а во недела ги очекува Вашингтон Визардс кој синоќа изгубија 119:105 од ЛА Клиперс.

Standings provided by Sofascore
15 јануари 2026 - 10:09