Лестер Бо Мекејлеб стана тренер

Легендарниот кошаркар кој беше главен јунак на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на култното Европско првенство 2013 во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб станал тренер во САД.

Кошаркарот кој беше голем миленик на македонската публика и идол на навивачите на белградски Партизан кого со неверојатни партии го однесе на Фајнал Фор од Евролига 2010 во Париз, го сакаа каде и да играше.

Бо беше препознатлив по сјајните влезови, дриблинзи, поени и асистенции.

Играше уште и за Сиена Монтепаски, Фенербахче, Баерн Минхен, Лимож, Гран Канарија и Сарагоса. Мекејлеб сега тргнува во тренерски води и како што обично бива, занаетот „ќе го пече“ преку најмладите категории. Поставен е за тренер на деца до 14 години во тимот на Зомби во САД.

Зомби Универзитет е непрофитна организација и кошаркарската програма е фокусирана на развој на младите. Станува збор за хуманитарна организација за деца помеѓу 12 и 17 години.

15 јануари 2026 - 16:31