21-годишниот Лука Шиманиќ од Загреб, во 2019-та дојде во НБА лигата како 19 пик на драфтот. Иако член на Сан Антонио, Спарси го праќаа најчесто во нивната филијала. Играше уште и за Барселона и Олимпија Љубљана, а сега добива отказ од НБА франшизата на точно 1 недела до стартот.
НБА тимовите со контролни натпревари се загреваат за новата сезона која стартува за 10 дена. Шоуто го најави Дончиќ уште на загревање, а Јокиќ против Минесота сервираше пас како на фудбал. Како круша ја фрли и му ја даде на тацна на Арон Гордон.
Далас Маверикс го совлада ЛА Клиперс 122-114 во меч од пред-сезеоната. Лука Дончиќ одигра 18 минути, имаше 14 поени, 8 скока и 9 асистенции. Ама она што го направи на загревањето досега е ретко видено на кошаркарските паркети.
Јанис има 22 години и 2 репрезентативни гола на 21 настап. Дебитантскиот го даде против Македонија токму во овие квалификации, кога ја реши на крај за 3:2. Синоќа ги покоси Германците, лесно и мајсторски.
Џејмс Букнајт има 21 година. Летово како 11-ти пик беше одбран од Шарлот Хорнетс со кого потпиша договор на 3. август. На мечот со Мемфис Гризлис како подготовка за новата НБА сезона Букнајт уфрли 17 поени со 4 скока за 26 минути на паркетот. Во еден момент заби неверојатно и покажа дел од муницијата за новата сезона.
По децениски дебати, управата на најдобрата светска лига спрема голем преседан во пресрет на новата сезона. Најдобрите кошаркари на светот веќе нема да бидат тестирани на марихуана.
За него само во суперлативи збореа Рафа Надал, Расел Вестбрук, Наваро, Рики Рубио и уште многу други спортски великани. Неговата кариера е преполна со трофеи, признанија, титули, пехари, медали.
Зоран и Игор Митровски ќе бидат запишани во историјата на европската кошарка, како први браќа судии кои ја делеле правдата на официјален натпревар на ФИБА.
Најдобрата кошаркарска лига на светот, НБА и Здружението на професионални НБА играчи ставиле потпис на договорот според кој секој кошаркар кој ќе пропушти меч поради тоа што не е вакциниран, ќе сноси финансиски последици од својот клуб во зависност од висината на договорот кој го има.
Новата НБА сезона треба да започне на шеснаесетиот ден од октомври, а деновиве најмногу се зборува за тоа дали играчите ќе се вакцинираат против ковид 19 и какви последици би сноселе оние кои не сакаат примат вакцина.
Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...
Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.
По вчерашната комеморација во Белград, семејството, пријателите и еден куп луѓе од кошаркарскиот свет се простија од легендарниот Душан Ивковиќ. На погребот беше и Перо Антиќ.
Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.
Откако Севиља реши да преземе правни мерки и го раскина договорот со младиот француски бек Жорис Њањон поради неговиот непрофесионализам (вишок килограми подолго време), најдовме сличен но единствен таков случај во НБА.
Сите рипнаа од клупа да се израдуваат на голот во 93-та вреден победа против Лион, само Меси стана на нозе, посматраше со ладен поглед и едвај аплаудираше. Не е добро ова за тимскиот дух, на кој Покетино со толку ѕвезди ќе има многу работа.
Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.
Архитектот на кошарката кој освои еден куп медали каде и да предаваше, беше страстен љубител на гулаби. Гулабарството му беше најголемо хоби а оние кои го познавале од близу тврдеа дека повеќе го сакал овој вид занимација од кошарката.
Две години по епското Европско првенство во Литванија 2011, македонската кошаркарска репрезентација имаше лоша епизода на еврошампионатот во Словенија. Доби само еден натпревар и тоа токму против селекцијата предводена од легендарниот Ивковиќ.
Великанот на европската и светска кошарка Душан Дуда Ивковиќ почина во четвртокот во Белград на 78-годишна возраст. Пораки со сочувство до неговото семејство пристигнуваат од целиот свет, а за тоа колку Дуда беше голем покажа и пораката од еден од најдобрите НБА тренери во историјата.
На едно предавање во САД, Американците не можеле да поверуваат дека во 1979-та година популарниот Дуда ги гледал Меџик Џонсон и Лери Бирд на Фајнл фор во Колеџ лигата. Тогаш сфатил дека тренира играчи со ист квалитет. На трите Европски првенства со Југославија има 19 од 19.
Правила се правила, велат од Нион каде стриктно се држат до прописите, дури и во ситуација кога некаде во Европа има симпатична приказна за романтичен фудбал.
Оваа фотографија подолу е направена на 24 октомври 2000-та година. Репрезентацијата на Шпанија бескрупулозно го слави триумфот на паралимпискиот турнир во кошарка со ID intellectual disabilities (ID).
Најлудачката и најлегендарната тројка во историјата на македонската кошарка бележи 10 години од постоењето. Ја постигна Владо Илиевски на ЕП 2011 и тоа против домаќинот Литванија на 11 секунди до крај. Цел живот ќе не ежи.