Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз на подготвителните натпревари пред Евробаскетот во Словенија, но за разлика од вчерашниот тесен пораз, овој пат Шпанците не растурија.
Македонската кошаркарска репрезентација забележа уште еден пораз во пресрет на Европското првенство, но овој пат во самиот финиш не успеавме да го сопреме актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија.
Универзитетот Бол Стејт од Индијана им даде шанса на неколку бруцоши да шутираат од пола терен за бесплатна школарина вредна околу 11.000 долари. 18-годишниот Маркус Бурден ја искористи својата шанса.
Кошаркарската репрезентација на Македонија со слаба игра во финишот од неефикасниот пријателски натпревар, загуби со 50:62 од репрезентацијата на Литванија.
Повторно ќе се игра за титулата светски клупски шампион во кошарка. По пауза од 17 години ФИБА ќе го организира Интерконтиненталниот куп на кој ќе се сретнат шампионите на Јужна Америка и Европа.
Според hoopsworld.com првиот Македонецот кој направи историски чин за македонскиот спорт, во Атланта Хоукс ќе заработи 1,2 милиони долари за една сезона.
Историски момент за македонската кошарка. Перо Антиќ е првиот кошаркар од Македонија кој ќе игра во НБА лигата откако Атланта Хоукс и официјално објави за договорот со нашиот капитен.
Македонија конечно ќе има кошаркар во најсилната лига на светот. Перо Антиќ се сели во Атланта Хоукс. Освен квалитетите на самиот кошаркар, најголема заслуга за неговиот мега трансфер има и еден адвокат кој криминалците реши да ги замени со кошаркари и од тогаш владее со европските трансфери.
Предметите кои беа ставени на аукција од страна на семејството на Коби Брајант заради што тој беше приморан да ја тужи својата мајка, беа продадени за околу пола милион долари.
Најдобриот руски кошаркар Андреј Кириленко има можност се уште да заработува одлични 10 милиони долари и во новата НБА сезона за тимот на Минесота, но тој заработи повеќе од доволно и одбра тим со поголеми амбиции.
Мајсторот за слободни фрлања кој стана вистинска сензација откако на само 2 годишна возраст го предизвика на дуел Шекил О`Онил, а потоа и Коби Брајант, во индивидуален настап направи неприкосновена серија која за жал му беше прекината поради повреда типична за мали деца.
Лос Анџелес Лејкерс најмногу се опуштиле во делење плати минатата сезона и за надминувањето на селари капот ќе треба да искешираат дополнителни 30 милиони долари. Но има и такви кои пазат на секој долар и во изминатава декада ниту еднаш не го надминале лимитот.
Во позадината на секој добар потег има и интересна реакција на кошаркарите од клупата. Ова се најдобрите реакции на клупите во изминатата сезона на НБА лигата.
НБА лигата ја одреди сумата на селари капот кој за сезоната 2013/14 ќе изнесува 58,7 милиони долари, а минатата сезона најмногу над лимитот за плати преминале ЛА Лејкерс кои ќе треба да платат дополнителен данок од скоро 30 милиони долари.
Поранешниот член на Сакраменто, Мемфис, Мајами и Орландо, Џејсон "White Chocolate" Вилијамс на егзибициски натпревар во Кина ја изведе неговата препознатлива асистенција со лакт.
Кошаркарите од НБА лигата освен што добро играат баскет, знаат и да се забавуваат. Една од нивните практики е влетување во кадар, а тоа најдобро го прават кошаркарите на Мајами, посебно Крис Бош.
Јавноста и медиумите беа шокирани со изборот на Ентони Бенет за прв пик на НБА драфтот од страна на Кливленд Кавалирс, па нефаворизираното крило следната сезона ќе треба да ги демантира или потврди мислењата на критичарите. Ова се неговите силни и слаби страни.
Во изненадувачки старт на НБА драфтот, Ентони Бенет стана првиот Канаѓанец кој бил пик број 1, а еден од главните фаворити Нерленс Ноел не беше избран во првите 5.
Иако не се работи за најквалитетната кошаркарска лига во светот, има што да се види и во ова видео. Првото место им припадна на колегите на Перо Антиќ кои двајца му рипнаа на противничкиот играч.
Статистичарите на шестиот финален натпревар открија дека Леброн Џејмс играл подобро без својот препознатлив стегач и го поправил учинокот. Со или без не е важно, тој секако ја оствари неговата најуспешна сезона во НБА лигата. Еве зошто.
Кошаркарите на Мајами Хит ја прославија својата трета шампионска титула во НБА лигата и тоа е веќе завршена работа, но камерите уловија, а аналитичарите ја анализираат нивната игра во нападот и забележаа нешто необично.
Актуелниот шампион во НБА лигата го одбрани трофејот во мајсторката против Сан Антонио и со 95:88 стигна до третата титула во својата историја. Најдобриот кошаркар во светот си го потврди статусот со сјајна партија, а сосема заслужено беше прогласен за МВП играч.