Фудбал

Билиќ: Ни Фергусон, ни Анчелоти, Жељко е најдобар во Европа

Најдобриот хрватски тренер Славен Билиќ кој имаше фантастична сезона со Вест Хем во Премиер лигата, изјави дека во фудбалот нема тренер кој што му е до колена на Жељко Обрадовиќ.

Интервјуа со фудбалерите кога не биле познати

Меси како и ден денес, скромен, не крева многу џева. Роналдо со фризура со која би му се смееле и во една скопска населба, Златан дрзок како и секогаш, Бекам како клинец,

Малдини: Не би се вратил во ваков Милан

Легендата која 902 пати го облече истиот дрес зборува за состојбата во клубот каде мина 25 години. Тој смета дека една од грешките на Милан е што мислеше дека големите играчи ќе може да ги замени со помалку квалитетни и така ќе стигне до нови успеси.

Да не е на даљинско топкава?

Кога Бобо Виери во 97-ма му даде гол на ПАОК од мртов агол, коментаторот рече „импресионанте голацо“, а мајсторијата одеше на најавните шпици. Сега таа линија е поместена, барем на тренинзите каде се појавува Кварезма кој се загрева за Европско и кој не е престарен со 32 години.

Најчудниот фудбалски натпревар на кој златниот гол вредеше за два

Некои случки од историјата на фудбалот изгледаат нелогични и тешки за објаснување, па ако нешто не ви е јасно за оваа жалиме што ќе мора така да остане така. Одиме со приказната која е поткрепена со видео.

Прати штоп

Кога Стивен Џерард ќе асистира вака опасно, потребно е само топката да заврши кај снаодливо дете кое со ова смирување на топката, му даде многу поголема тежина на голот. Мајк Маги и не е баш дете, бидејќи има 31 година.

Нè чека месец дена добар фудбал

Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?

Магијата на Пол Гаскоњ на ЕП 1996

На 10 дена до фудбалскиот празник на годината, се враќаме 20 години назад на мечот Шкотска - Англија.

Бириндели и најјакиот звук на пречка-гол

Легендарниот десен бек на Јувентус, Алесандро Бириндели за Старата дама играше цели 11 години и на 196 меча постигна само два гола. Едниот од нив вреди за сите натпревари.

„Во фудбалот и животот има нешто повеќе од пари“

На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.

Маестрална петица со пируета на казахстански начин

Во судиското продолжение на меч од казахстанското првенство, ветеранот Андреј Аршавин го наоѓа извесен Леандре Тавамба, а овој во манир на врвен стрелец или мајстор на фудбалска игра (епитети од нашите коментатори) го решава мечот Каират - Акзајук при резултатот 2:2. Шала на страна, голот стварно е прејак.

Позицијата на Облак во поинаквa епизода

Пенал сериите во финалињата од Лигата на шампионите знаат да извадат интересни потези на голманите кои решаваат да останат на средина на голот, но веројатно никој немал храброст во таков важен момент да прави мајтап како Брус Гробелар. Голманот од Зимбабве кој 13 години го носеше дресот на Ливерпул имаше среќа што пеналџиите беа слаби.

На Чаир не се навива првите 10 минути

Еден од најтажните денови за српскиот фудбал е 29 мај 2000-та, кога Србија остана без голем талент кој стигна само до младинската репрезентација на Југославија. Мераклии го носат во срце и веќе 16 години се држат до едно строго правило кога одат на стадион.

Малку магија пред мечот Франција - Камерун

Во склоп на подготовките за Европското, Французите синоќа одиграа пријателска против Камерун и победија 3:2 иако Африканците на два пати израмнуваа. Пред почетокот со топката имаше мала магија.

Цимерите Меси и Агуеро

Во пресрет на Копа Америка која што годинава првпат се игра надвор од Јужна Америка (во САД), Лионел Меси и Кун Агуеро изразиле желба повторно да бидат цимери во хотелскиот престој. Нивното цимерство датира уште од кога играле за репрезентацијата на Аргентина до 16 години, па до денес.

Пеле го продава својот фудбалски живот

Дури и за најбогатите домаќини прав предизвик било каков подарок да ѝ се даде на светската фудбалска икона кој во животот добил сè и сешто, но сега се решава на аукција да ги материјализира сите предмети.

Фк Огражден со Роналдо и Пандев

Далеку од парите, славата и медиумската помпа во Лигата на шампионите или поточно во селото Иловица во подножјето на планината Огражден, настапува Фк Огражден како дел од општинската лига во Струмица.

Падобранецот кој се шверцуваше на Сан Сиро

Дека финале од Лига на шампиони по дифолт значи беспрекорна организација ќе ве побие со факти еден дечко од Италија, кој без да измисли топла вода успеа да влезе гага и тоа го направи релативно лесно и елегантно без помош од никого.

Кој што правел за време на пеналите?

Пепе плаче, Роналдо им покажува дека добро го извеле, Иско нема нерви па игра ламбада, Флорентино Перез издишува како да се породува. Пеналите од еден друг, подраматичен агол снимено од шпанските медиуми.

Фобијата на Јан Облак од пенали

Кога од 28 пенали ќе одбраниш само два значи дека не си пеналџија и дека противникот може да ти ги открие слабите точки додека стоиш на линијата. Многу далеку од тоа дека Јан Облак е слаб голман, напротив, човекот го спаси Атлетико од сигурен пораз, но на пеналите делуваше погубено. И не му е првпат.

Станковиќ како бик

Лацио - Пјаченца 2:1, сезона 2002/2003. Роберто Манчини во состав со: Маркеџани, Одо, Коуто, Михајловиќ, Фавали, Фиоре, Џаникеда, Станковиќ, Цезар, Коради, Инѕаги. За едно нетипично славје се погрижија Коради и Станковиќ.

Како Панчев со Фичо бил „криумчарен“ до Словенија

Црвена звезда го прослави јубилејот 25 години од освојување на Купот на Европските шампиони во Бари 1991, а за таа прилика новинари од регионов зборуваа со играчите. Во интервју за српски Телеграф, Панчев раскажува неколку анегдоти меѓу кои и таа кога со Фичо го возеле до Словенија за другите клубови да не го убедат да потпише со нив.

Ако некој ви каже дека фудбалот е само игра

Никој не ги памети вицешампионите, рече во дел од изјавата Диего Симеоне по завршувањето на второто загубено финале во Лига на шампиони за три години. За емоциите кој ги носи пораз во вакво финале не се зборува.