Фудбал

Ако некој ви каже дека фудбалот е само игра

Никој не ги памети вицешампионите, рече во дел од изјавата Диего Симеоне по завршувањето на второто загубено финале во Лига на шампиони за три години. За емоциите кој ги носи пораз во вакво финале не се зборува.

Седум тренери кои освоиле ЛШ и во копачки и во чевли

Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.

Први голови за Радески и Несторовски, успешна проверка за Македонија

Најдобрите македонски фудбалери ја прекинаа серијата од три порази (Либан, Словенија, Бугарија), откако вечерва во австрискиот град Бад Ерлах го победија Азербејџан со 3:1 (2:0). Пандев стрелец и асистент.

Соблекувалната на Камп Ноу, 1999-та

Сер Боби Чарлтон и Сер Алекс Фергусон во прегратка, Рој Кин облечен како за на матурска отвора шампањ, Ројк ѕенѕа во место, Бекам парадира со пехарот, а еден момак, веројатно член на стручен штаб заврши во џакузи. Атмосфера од соблекувалната на Манчестер Јунајтед по освојувањето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, прва за Фергусон и една од трите на англискиот гигант.

Прославата на Реал во Мадрид во рани зори

Навивачите и играчите на Реал Мадрид не спиеле цела ноќ, а главната прослава се одигра рано утринава во 7.30 на плоштадот Цибелес каде играчите стигнаа со клупскиот автобус пред 30.000 навивачи.

Реал Мадрид е нов владетел на Европа

По 120 минути жестока борба и ремито по головите на Серхио Рамос и Фереира Караско се замина на пенал рулет. А таму повеќе среќа имаше Реал Мадрид кој славеше со 5:3. Роналдо го постигна решавачкиот пенал, Хуан Фран промаши.

Најскапоцениот меч вечерва не се игра во Милано

По пласманот на Барнли и Мидлзборо, вечерва ќе го дознаеме и третиот нов Премиерлигаш за следната сезона. На Вембли во финалето на плејофот, Хал Сити и Шефилд Венздеј ќе играат не само за пласман во елитата, туку и за 200 милиони фунти.

Мотивационото видео на Реал за финалето

Во борба за најважниот трофеј во европскиот клупски фудбал вечерва Реал Мадрид ќе се обиде по 11-ти пат да го освои овој пехар. Од спротивна страна ќе ги имаат воините на Диего Симеоне.

Најлошиот пенал во историјата на Литванија

Се играше меч од Купот на Литванија меѓу второлигашите Силуте и Силас кој заврши 0:0. Следуваа пенали, а таму се прослави гостинскиот фудбалер Гитис Сиугзда.

И ѕидот пушти солзи

По две децении кариера, 635 меча и 22 трофеи, уште едно легендарно фудбалско име кое инаку го гледавме на Градски против Вардар, ги закачи копачките на клинец. По неговото пензионирање, само Тоти останува активен играч од Скудетото на Рома во 2001-ва.

За Милано финалето е со горчелив вкус

Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.

Тајната на украдениот пехар од ЛШ на Астон Вила

Најдрагоцениот трофеј во Европскиот фудбал стигнал во Бирмингем, но една вечер го снемало од паб во Вест Мидлендс. Три децении подоцна следува приказната како два полициски тима го освоиле пехарот.

Голман или мачка?

И покрај поразот на неговиот Бари од Новара 3:4 во Плејофот за пласман во Серија А, голманот Алесандро Мичаи покажа пантерски рефлекси и тоа во три наврати.

Како игра најдебелиот фудбалер во Англија

Некој ќе дојде на прес-конференција на Луј ван Гал и веднаш добива светска слава, а некој работи на својот углед како најдебел играч и патува ширум Англија секоја недела, па никој не го забележува.

Римското дерби без одмазда

Во 87 години историја и 180 меѓусебни средби, Лацио и Рома имаат само едно меѓусебно соочување во финалето од Купот на Италија кое го реши Сенад Лулиќ во 71 минута. Тоа е 26 мај 2013-та, историски датум за Лацијалите на кој ќе се сеќаваат со години и децении. Го нарекуваат „дерби без одмазда“.

Избран голот на сезоната во Германија

Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.

Реакцијата на Ибра на прашањето за Манчестер

Десетина англиски новинари слетале во Шведска, само со една цел: да дознаат дали Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Манчестер Јунајтед и ќе му се придружи на Мурињо. Како одговор добија насмевка помистична од онаа на Мона Лиза од Леонардо Да Винчи.

Тренери со најдолг престој на една иста клупа

На листата тренери кои не ги фаќал с'клет со години да седат на исто место, „најкраткиот" бил тренер 19 години а најдолгиот неверојатни 44 години водел еден ист клуб.

За што ќе му се одмаздува Атлетико на Реал Мадрид

На 24. мај 2014-та година Реал и Атлетико играа во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите тогаш се спасија со израмнувачки гол во 94. минута, а во продолженија славеа со 4-1. Во сабота Атлети ќе има шанса да им се одмазди за болниот пораз.

Малиот Трапановски по стапките на Пандев

Фудбалскиот колектив Академија Пандев од Струмица е на радарот на многу италијански клубови, особено по настапите на турнирот во Вијареџо. Кристијан Трапановски e на проба во Интер.

Населбата во Малме во која растел Златан

Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.