Фудбал

Најлудата компилација од најлудиот голман

Сите работи кои не се задача на голманот, тој ги правеше без никој да смее нешто да му каже. Трчаше напред, дриблаше, изведуваше пенали, слободни удари, даваше многу голови, но и лежеше малку во затвор јер нели пријател беше со Пабло Ескобар. 100 секунди кои одлично го опишуваат неповторливиот Рене Игита - „Ел Локо“.

Колку треба да си глуп да добиеш два жолти за 28 секунди

Дортмунд синоќа одигра 1-1 против Херта во осминафиналето на Купот, па се играа продолженија па на пенали Борусија победи 3:2. Во продолженијата Гркот Сократис Папастатопулос (капитен на тимот) доби два жолти и црвен во рок од 28 секунди. Ништо поарни не беа ниту Куцка и Палета од Милан.

Спиеш ли мирно младичу?

Играчи од типот на Меси и Роналдињо до толку се опасни во напад што мислите дека ќе ви ја сокријат топката. Разликата кај дечково е што он стварно ја сокри.

Немал за леб, а сега е кандидат за награда во Бундеслига

Наби Кеита е растен во Гвинеја во сиромашно семејство, а кога како мал се калел во својата родна земја после тренинг морал да моли за храна. Талентот му помогна сезонава да биде дел од бајката наречена Лајпциг која му се заканува на Баерн на врвот на табелата. 21 годишниот играч од среден ред до толку се наметна со своите игри, што е ставен и меѓу кандидатите за руки. Куса видео сторија за неговиот фудбалски пат.

Отишол во болница со поглед на стадион, за да го гледа Јувентус

Кротоне е град во јужна Италија а истомениот прволигаш синоќа го пречека шампионот Јувентус. За дуелот владеела хистерија за карти па се снаоѓал кој како знае.

“Носам број 33 во чест на годините на Исус“

Како и многу други бразилски феномени со топката, така и Габриел Жезус растел во сиромашна средина, без перспектива, но талентот за фудбал го донесе во најбогатиот европски клуб каде го тренира еден од најдобрите учители на денешницата.

Нов фудбалски срам, нè стигна и Косово

Во јуни минатата година пишувавме дека Курасао се наоѓа на 134-та позиција на ранг листата на ФИФА, а Македонија на 139-та. Сега ние сме на 165-то место, а островот од Карипското море со 150.000 жители е 73-ти или повеќе од двојно погоре од нас. Срамотилаци.

Кога ќе се сретнат Клоп и Ибрахимовиќ

Еден спонтан муабет меѓу две вакви забавни имиња пред камера оди вака: Ибра: Кога ќе ме донесеш во Дортмунд? Или не е тоа за пред камери. Клоп: Треба да го продадам цел тим за да те донесам. Ибра: За тебе гратис ќе дојдам.

Да видиме како му оди сезонава на Кавани

Ибра го нема, ама го има Единсон Кавани кој кога ПСЖ ќе даде гол, тешка работа да го нема него меѓу стрелците. Првенство: 22 меча - 23 гола. Лига Куп: 2 меча - 2 гола. Европа: 6 меча - 6 гола. Сезонава не бил меѓу стрелците на само седум средби.

Најтешкиот пораз на Јуве од страшниот состав на Парма

Да му дадеш 4 гола на Јувентус на гости треба да си навистина многу јак и да излезеш со 11 играчи меѓу кои не смееш да имаш ниту едно промашено име. Таков состав имаше Алберто Малезани кој таа сезона ги освои Купот на Италија и Купот на УЕФА.

Ги издрибла како Меси, се радуваше како Роналдо

Момас Јапо за нас е тотален анонимус, ама после ова тој сигурно ќе биде најголема фаца островот Шри Ланка каде настапува за клубот по име Коломбо.

Идејата на Хитлер за изградба на најголемиот стадион во светот

Адолф Хитлер е познат се знае по што, лудите идеи, но и остварувањето на дел од идеите. Една од нив била Германија да биде домаќин на Олимписките игри, ама засекогаш. За таа намена почнал да гради стадион со капацитет од 400.000 луѓе.

На Меси му сметале комшиите, па им ја купил куќата

Поради тоа што постојано биле гласни, пуштале музика и урлале по цели ноќи, ѕвездата на Барселона решила да се отараси од комшиите кои биле под кирија и од сопственикот ја откупил куќата до него.

Кинески судија не можеше да го следи Оскар

Бразилецот кој неодамна од Челси замина во Шангај веќе на дебито покажа колку е добар. Даде гол, имаше асистенција, а линискиот судија ненавикнат на таква техника се сопна.

Бајката на Атлетико Тукуман со загубена опрема и авионски лет

По 115-години чекање, Атлетико Тукуман доцнеше на најголемиот меч во клупската историја. На крајот, по сите перипетии кои ги снашле, излегоа на терен и победија.

ФК Вардар меѓу 12-те најубедливи шампиони во Европа

Фудбалерите на ПСЖ минатата сезона остварија рекорд на освојувањето на шампионската титула со најголема бодовна разлика. Во тоа потесно друштво се наоѓа и Вардар благодарение на онаа историска сезона без пораз и со 119 постигнати голови.

Најапсурдната ситуација во фудбалот во 95-та минута

Ситуацијата е следна: Се игра 95-та минута, а пишува дека судиското продолжение е 3 минути. Резултатот е 2:2 и наеднаш победникот наводно се решава, ама со две топки во гол. Голот не е признат, ама не треба да му се лутат на судијата, туку на навивачот. Ова го може само во Хондурас.

Катапултот на Меси, голот на Суарез и спорни моменти

Барса и Атлетико синоќа одиграа натпревар кој имаше сè: голови, шанси, пречки, црвени, жолти картони, груби фаули, спорни моменти и убави акции. Пречката го спречи Меси да го даде 28-от гол од слободен удар за Барса. Суарез даде гол па доби непостоечки црвен, а на Атлетико му поништија чист гол.

Најскапите фудбалери во историјата според возраста

Телеграф ги стави во едно сите најскапи трансфери почнувајќи од играчи на 14 до 40 годишна возраст. Пато и Волкот се меѓу помладите, Зидан, Ето и Батистута меѓу постарите, a Дејвид Џејмс меѓу најстарите.

Најјакиот волеј во историјата на швајцарскиот фудбал

Рано е да трубиме за наградата на Ференц Пушкаш бидејќи годинава сега почна, ама ФИФА сигурно веќе ја прави компилацијата со можните кандидати за престижната награда. ФК Сервет е дел од швајцарската втора лига, а за ова извонредно двојно проигрување да знаеш вака добро да го завршиш, не ти треба само сила, туку и мозок.

Во мобилниот на Арсен Венгер

Спрдња со дежурниот тренер за спрдачење, овој пат со неговиот мобилен телефон. Омилен дел на кој прснавме од смеење е тоа јакната долга колку 100 мантили која никако да ја соблече и да го погоди патентот од прва.

125-килашот од Сатон кој се спрема за Купот против Арсенал

Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.

Мурињо знае да извлече од тебе нешто што не си знаел дека постои

9 години, 9 трофеи, 8 тренери, 377 настапи, 33 голови. Овие бројки го прават Бранислав Ивановиќ еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Србија. Сите му припаѓаат на еден тим по име Челси кој се пропороди во ерата на Абрамович, за што ќе им раскажува и на внуците.

Несторовски: Сакам да го спасам Палермо

Прилепчанецот има сериозна намера да стане прв стрелец на екипата во Серија А, но вели дека тоа би било џабе ако клубот од Сицилија не се спаси од испаѓање во втора лига за што ќе треба пеколна борба.