Фудбал

Тимот на Палермо кој ќе беше конкурентен за Скудето

Маурицио Ѕампарини и официјално се повлекува од Палермо, а од неговиот 15 годишен престој освен тренерските смени како чорапи, ќе се паметат и сите оние квалитетни фудбалски имиња кои ги имаше на располагање. Кој знае колку ќе беше силен тимот од Сицилија ако ги сочуваше овие играчишта.

Капитенот на Ајнтрахт излечи рак и се врати на терен

Еден од подобрите играчи во германската Бундеслига Марко Рус е јунак на сезоната.

Ретко убав гол со волеј удар

Сикиру Олатунбосун е тешко име за помнење, ама уште потешко е човек сам на ваков мајсторски начин да си намести волеј удар. Се случи во Нигерија.

Нијанси одлучуваа во дуелот помеѓу ЈСП и Окта

Адмирал и Пекабеско славеа убедливи победи во вториот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија. ЈСП до тесна победа против Окта.

Лудиот тренер кој не користи телефон и води спартански тренинзи

Не пробувајте да го барате. Не користи мобилен телефон. Но од време на време претседатели на разни клубови имаат потреба од луд тренер. Од следната сезона Биелса ќе го води францускиот Лил. Барем таков е договорот.

Најхрабриот навивач кој се прошета низ улиците во Неапол

Да облечеш дрес на Јувентус, па уште и од Игуаин и тоа во пресрет на вечерашното полуфинале во Купот на Италија меѓу Јувентус и Наполи треба да имаш муда. Среќа што момаков е снимен со скриена камера за да видиме како ќе пројде ова негово искуство. Цел град му се чуди на храброста, пола го застанува да го праша што го мачи, а угостителите не го пуштаат на влезе.

Четири натпревари на Лестер кои Раниери ги утна тактички

Отказот на Клаудио Раниери сè уште е жешка тема во англискиот печат. Навивачите застанаа во негова одбрана и ги нападнаа играчите, а некои медиуми се позанимаваа со неговите тактички потези и издвоија четири меча кои сметаат дека придонеле за негово отпуштање.

Шевата на Атлетико Мадрид на тренинг

Ако влезеш во средина, сигурно ќе ти треба драмамин апче против вртоглавица. А за да излезеш ќе треба прописно да се испотиш.

Во какви дресови играа италијанските клубови во ’90-те

Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.

Антологиски прием на Баџо на Деле Алпи

1 април 2001-ва, Јувентус води 1:0 против Бреша. На 5 минути до крај гостите израмнуваат откако еден 22 годишен дечко по име Андреа Пирло му дава топка со очи на 34 годишниот Баџо кој ја заврши акцијата на најелегантниот можен начин. Акција за во учебниците.

Голманот на кој му се поклонуваа од пенал Ѕола, Монтела и Батистута

Го носеше прекарот Il Conte (Грофот) поради професионалноста и однесувањето како господин во текот на целата негова кариера која му заврши без ниту црна дамка. Стана дел од шампионската генерација на Лацио и ноќна мора за врвните напаѓачи кои тешко го совладуваа од белата точка.

Трофејната сала на Златан Ибрахимовиќ

Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.

Четири интервјуа на Златан по финалето во негов стил

Ако некој е интересен да се брка за изјава после меч на Манчестер Јунајтед, тоа сигурно е Златан кој ретко дава здодевни одговори на новинарските прашања. Со вчерашните два гола во финалето од Лига Купот, Ибра стигна до 26 голови сезонава, а по мечот даде миниум четири забавни интервјуа.

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 42:41 или 44:44 во трофеи?

Бројот на трофеи е доста фина тема за расправии меѓу навивачите кои се докажуваат кој тим е најјак на тоа поле. Во пракса тие можат да се бројат по два параметри: освоени и признаени, каков што е примерот со Скудетата на Јувентус кој има освоено 34, ама му бројат 32.

Кога вандали ќе го ишкртаат својот автобус по грешка

Пред саботниот меч против Мидлзборо, група вандали, навивачи на Кристал Палас решиле да го оштетат клупскиот автобус за кој сметале дека е на Мидлзборо, а на крајот сфатиле каква глупост направиле.

Нова бомба на капитенот на Андерлехт

По двата страшни гола во две минути минатото коло, капитенот на Андерлхет Јури Тилеманс синоќа пак го натера цел стадион да се држи за глава. Бриселците го добија Генк со 2:0.

Го победуваш Наполи и те чека цел град на аеродром

Со два гола на централниот дефанзивец Матја Калдара, Аталанта оствари историска победа над Наполи на гости и се приближи само на три бода од местото кое води во Лига на шампионите. Илјадници тифози на клубот дојдоа на аеродромот да ги пречекаат јунаците.

Значењето на Канте во 24 секунди

Ако раководните луѓе на Лестер уште немаат сфатено зошто играта и стабилноста на англискиот првак драстично падна оваа сезона, нека потрошат 24 секунди од нивниот живот за да видат како работи на терен во Челси, моментално еден од најдобрите играчи во свет на таа позиција. За неговата продажба не може да им се прости.

Палермо води, Несторовски гази

Екипата на Палермо дефинитивно е целосно зависна од македонската гордост во Серија А без која ништо во напад. Палермо во 31 минута поведе против Сампдорија со 1:0, а стрелец на голот се разбира Илија Несторовски кој стигна до 10-ти погодок и се израмни со Хамшик, Бориело, Бернандески, Симеоне и Фалке.

Grazie Claudio

Со пригодно видео, Sky Sports се збогуваше со најдобриот тренер на светот според ФИФА за 2016-та година. Андреа Бочели и Time to say good bye.

Додека другарите седеа со џојстик во рака, Донарума бранеше против Реал и Баерн

По повод полнолетството на најдобриот голман кој Милан го имал во последните неколку години, клупскиот канал реши да го изненади Донарума со честитки од сите најблиски.

Карло Анчелоти во клубот 1.000

Со утрешниот меч меѓу Баерн Минхен и Хамбург, италијанскиот стратег ќе одбележи голем јубилеј во својата 22 годишна тренерска кариера. Не му воопшто за потценување, од 999 натпревари загубил 181 и освоил 17 трофеи.