Чаирскиот Ален Бокшиќ

Можеше комотно да го облече дресот на хрватската репрезентација и да го замени Ален Бокшиќ. Родена мајка немаше да го препознае, а камо ли селекторот. Го препознавате ли од прва? Се работи за Зоран Мисердовски.

Инаку Мисердовски ја градеше кариерата во Македонија и Грција, а по стартот на кариерата во Слога Југомагнат направи трансфер во Вардар. Имаме фотографија од таа сезона 2000/2001.

Стојат: Сашо Јанев, Муарем Зекир, Зоран Мисердовски, Игор Стојанов, Арсим Абази и Феим Бегановиќ.

Клечат: Драган Начевски, Есад Чолаковиќ, Дејан Димиќ, Драган Веселиновски и Неџмедин Мемеди.

30 мај 2017 - 15:17