1996-2000
Првите вести за платата на Тоти датираат од 30 јуни 1997-ма кога се зборуваше за една милијарда лири годишно (500.000 евра), плата која ја земаше и следната сезона 1997/1998. Тоа лето се играше Мундијалот во Франција, но и покрај тоа што тој не учествуваше, не падна нов договор.
Неговиот менаџер тогаш велеше дека Франческо немал никаква завист спрема Баџо, Дел Пјеро или Роналдо и дека би било соодветно да се направи еден нов ангажман за младата италијанска ѕвезда.
Новиот договот го потпиша на 7 јули 1998-ма кога се обврза во Рома до 30 јуни 2003-та. Платата од милијарда лири му се искачи на 6 милиони лири или 3 милиони евра.
Во сезоната 1999/2000 се случи првото негово негодување. Тоти покажуваше знаци на нетрпеливост во средина која веќе му беше блиска или можеби тогашниот очекувања на 23 годишниот фудбалер беа преголеми.
Тоти беше исвиркан, зборуван и посочен како единствен виновник за кризата на Рома, а тоа беше прв пат да остави отворена можност за сензационален развод. Во тој период неколку големи клубови беа спремни да го грабнат, а меѓу нив и Милан кој го сакаше уште како 15 годишник.
2001 – 2005
Долгоочекуваното обновување на договорот се случи после 9 месеци на 9 мај 2001-ва кога во 18:15 часот зад затворени врати, клубот излезе со соопштение дека е постигнат договор со Тоти до 2005-та.
Рома исто така се стекна и со авторските права на играчот преку доделување на ексклузивна лиценца за продавање на текстилни и брендирани производи со знакот на клубот. Во овој договор стигна до плата од 8 милијарди лири кои потоа ќе стигнат до 12 милиони (6 милиони евра).
2005 – 2010
На 31 мај 2005-та, неколку недели пред да склучи брак со Илари, Франчесто Тоти и Рома ја продолжија соработката до 2010-та. Според тој договор капитенот во следните 5 сезони заработуваше 5,8 милиони евра по сезона, плус дополнително за авторските права врз него.
Во Рома тогаш се обврзаа дека по завршувањето на кариерата ќе му најдат место да остане во клубот на некоја раководна функција.
2010 – 2014
На 16 декември 2009-та следуваше уште едно обновување, повторно најавено со официјално соопштение од клубот. Договорот му беше продолжен уште на нови 4 години до 2014-та.
Во нето смисла тоа значеше 4,9 милиони евра плата, а потоа во следните три сезони по 4,8.
2014 – 2016
На 13 септември 2013-та, на неколку дена пред неговиот 37 годишен договор, капитенот потпишува нов договор со Рома. Тоти и клубот од 2012-та предводен од американскиот претседател Џејмс Парота постигнаа согласност за продолжувањето на договорот до 30 јуни 2016-та.
Овој пат платата му ја намалија на 2,5 милиони евра, иако за авторските права му даваа нешто повеќе од 3 милиони евра годишно.
2016 – 2017
Последниот потпис, Франческо Тоти го става на 7 јуни 2016-та. Како што соопшти Газета дело Спорт, легендата на Рома се согласила на уште една година верност за плата од 1,2 милиони, плус бонуси.
По завршувањето на овој договор ако се остане според договореното, тој веднаш станува технички директор на Рома во следните шест години за плата од 600.000 евра.
Од сезоната 1996/1997 до сега Тоти има заработено околу 84 милиони евра нето само од плата или во просек по 4 милиони евра по сезона. Најскапо платен играч на Рома во последните неколку години е Даниеле Де Роси кој заработува 6 милиони евра годишно.
Заработката на Тоти во плати за која сезона одделно.